1И му рече Господ на Исуса: »Не палши се и не се ужасувај; земи ги со себе сите мажи, способни за војна и оди во Гај; ете, Јас го предавам во твои раце гајскиот цар и народот негов, градот негов, и земјата негова.
2Направи му на Гај и царот негов исто она што му направи на Јерихон и царот негов; само пленот и добитокот негов поделете се го; постави заседа зад градот.«
3Исус и сите мажи, способни за војна, се подготвија да одат во Гај; и одбра Исус триесет илјади души храбри и ги испрати во текот на ноќта,
4им даде заповед, велејќи: »Скријте се зад градот; не се оддалечувајте од градот и бидете сите готови;
5јас, пак, и сите мажи, што се со мене, ќе се доближиме до градот и штом жителите галски ќе излезат против нас, како и порано, ние ќе избегаме од нив;
6тие ќе јурнат по нас, и така ние ќе ги одвлечеме од градот, зашто тие ќе речат: – бегаат од нас, како и порано –; откога ќе избегаме од нив,
7вие станете од заседата и одете во градот, и Господ, вашиот Бог, ќе ви го предаде во рацете ваши.
8Откога ќе го преземете градот, запалете го градот со оган, постапете според заповедта моја; тоа ви го заповедам јас.«
9Така ги испрати Исус, и тие отидоа во заседа и заседнаа меѓу Ветил и Гај, на запад, од Гај; таа ноќ преноќева Исус среде народот.
10Откако стана утрината рано, Исус го прегледа народот и тргна тој и старешините Израилеви пред народот за Гај;
11и сите мажи, способни за војна, што беа со него, тргнаа, се приближија и дојдоа до градот од спротива, од исток, додека заседата беше откај морето.
12И се сместија на север од Гај, а меѓу нив и Гај имаше долина. Потоа Исус зеде до пет илјади души и го постави во заседа меѓу Ветил и Гај, на запад од градот.
13И целиот логор, кој беше на север од градот, се распореди така, што западниот дел беше на запад од логорот. А Исус отиде таа ноќ среде долината.
14Штом гајскиот цар го виде тоа, стана рано и излезе веднаш со жителите градски против Израилот во борба на определеното место пред рамнината; но тој не знаеше, дека против него има заседа зад градот негов.
15Исус и целиот Израил, како божем се разбиени од нив, избегаа кон пустињата;
16а тие го повикаа целиот народ, што беше во градот, за да ги гонат, и, гонејќи го Исуса, се оддалечија од градот;
17и не остана во Гај и Ветил ниту еден човек, кој не беше тргнал по Израилот; а градот свој го оставија отворен, гонејќи го Израилот.
18Тогаш Господ му рече на Исуса: »Спружи го копјето, што е во раката твоја, кон Гај, бидејќи Јас ќе го предадам во рацете твои и заседата веднаш нека стане од местото свое!« Исус ја сприжи кон градот раката своја со копјето, што беше во раката негова.
19А оние што беа во заседа станаа веднаш од местото свое и јурнаа, штом ја испружи раката своја, влегоа во градот, го презедоа и за миг го запалија со оган.
20Жителите гајски, кога погледнаа назад, видоа, дека од градот се крева дим кон небото. Немаше каде да бегаат – ниту натаму, ниту наваму; зашто народот, што беше во пустињата, се сврте кон гонителите.
21Исус и целиот Израил, кога видоа, дека оние што беа во заседа го презеле градот и дека од градот се крева дим кон небото, се вратија и почнаа да ги убиваат Гајците.
22А оние од градот излегоа против нив, така што тие се најдоа меѓу Израилците, од кои едни беа на една страна, а другите на друга; така ги разбија, што не оставија од нив ниту еден жив, ниту избеган;
23а гајскиот цар го фатија жив и го доведоа кај Исуса.
24Откога Израилците ги убија сите жители од Гај во полето и пустињата, каде што ги гонеа, и откако тие сите до еден паднаа од сечилото на мечот, тогаш сите Израилци се вратија во Гај и го поразија со сечилото на мечот.
25Загинатите од тој ден мажи и жени, сите од Гај, беа дванаесет илјади.
26Исус не ја тргна раката своја, што ја беше испружил со копјето, додека не ги проколна сите од Гај;
27само добитокот и пленот од тој град синовите Израилеви го поделија меѓу себе, според Господовиот збор, што Господ беше му го кажал на Исуса.
28Тогаш Исус го изгори Гај и го претвори во вечни урнатини, во пустињата до денес;
29а гајскиот цар го обеси на дрво и го остави на дрвото до вечерта; по зајдисонце Исус пак им заповеда, и го симнаа трупот негов од дрвото, го фрлија пред градските порти во ров, и натрупаа врз него голема грамада камења, која постои до ден денешен.
30Тогаш Исус му изгради жртвеник на Господа, Бога на Израилот, на гората Гевал,
31како што Мојсеј, слугата Господов, им беше заповедал на синовите Израилеви, за кое беше напишано во книгата на Мојсеевиот закон, – жртвеник од цели камења, до кои не допрело железо; и принесоа врз него сепаленица на Господа и жртва за спасение.
32И таму на камењата Исуа напиша препис од законот на Мојсеја, што тој го беше напишал пред синовите Израилеви.
33Сиот Израил, старешините негови и управителите негови и судиите негови, застанаа од едната и од другата страна на ковчегот спроти свештениците, – левитите, кои го носеа ковчегот на заветото Господов, – како придојдените, така исто и придојдените жители, едната половина од нив кај планината Гаризим, а другата половина кај планината Гевал, како што порано Мојсеј, слугата Господов, беше заповедал да се благослови народот Израилев.
34Потоа Исус го прочита сите зборови од законот, благословувањата и проклетстава, како што е напишано во книгата на законот;
35од сѐ она, што Мојсеј му беше заповедал на Исуса, немаше ни збор, што Исус не го прочита пред целото Израилско собрание, пред мажите и жените и децата и придојдените, што се најдоа меѓу нив.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.