1На Тебе, Господи, се надевам, за да не се посрамам довека; поради правдата Своја спаси ме и очисти ме.
2Приклони го увото Твое кон мене, побрзај да ме избавиш. Биди ми Бог заштитник и прибежиште, за да се спасам.
3Зашто Ти си крепост моја и прибежиште мое, заради името Твое поведи ме и управувај со мене.
4Изведи ме од оваа стапица, која потајно ми ја поставија, зашто Ти си мој заштитник.
5Во Твоите раце го предавам духот свој; Ти си ме спасувал, Господи, Боже на вистината.
6Не ти се мили оние што пазат суетни работи, но јас се надевав на Господа.
7Ќе се радувам и ќе се веселам поради Твојата милост, зашто Ти погледна на смиреноста моја и ја спаси од мака душата моја,
8и не ме предаде во рацете не непријателите мои; нозете мои ми ги постави на чистина.
9Помилуј ме, Господи, зашто сум притеснет од скрб: се помрачија во јароста окото мое, душата моја и утробата моја.
10Премале од жал животот мој, и годините мои – од воздишки; изнеможе силата моја, и страв во коските мои ме опфати.
11Пред сите непријатели мои станав за прекор, дури и пред соседите мои, а и плашило за познатите мои; оние што ќе ме видат на пат, бегаат од мене.
12Заборавен како мртовец сум во срцата на луѓето; станав како скршен сад,
13бидејќи чув дека мнозина околу мене погубно шетаат, и кога ќе се соберат заедно, се договораат и душата моја да ми ја одземат.
14Јас, пак, се надевам на Тебе, Господи, и си реков: Ти си мој Бог.
15Дните мои се во Твоите раце; избави ме од рацете на непријателите мои и од гонителите мои.
16Нека засветлилицето Твое над слугата Твој; спаси ме со Твојата милост.
17Господи, не допушти да се посрамам, поради тоа што кон Тебе повикав; нечестивите нека се посрамат и нека замолкнат во пеколот.
18Да онемеат лажливите усти, што говорат лошо против праведникот со гордост и презрение.
19Колку е голема добрината Твоја, Господи, што си ја запазил за оние, кои се бојат од Тебе, и што си ја приготвил за оние, кои се надеваат на Тебе пред синовите човечки!
20Ќе ги сокриеш под покривот на лицето Свое од човечките возбуди, ќе ги заклониш од нападите на јазиците противнички.
21Нека е благословен Господ, зашто ја пројави кон мене Својата чудесна милост во утврдениот град!
22Во малодушноста своја си реков: отфрлен сум од очите Твои; но Ти ги услиши гласот на молитвата моја, кога повикав кон Тебе.
23Сакајте Го Господа, сите праведници Негови, зашто Господ бара вистина и им отплатува на оние, кои премногу гордо постапуваат.
24Вие сите бидете силни инека крепне срцето ваше што се надевате на Господа!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
