1Синко, не завидувај им на лошите луѓе, и не посакувај да бидеш со нив,
2зашто срцето нивно насилство намислува, и устите нивни за лошо зборуваат.
3Со мудрост куќа се изградува и со разум се зацврстува,
4а со умешност нејзините простории се исполнуваат со секакви скапоцености и добра.
5Мудриот човек е подобар од силниот, а разумниот – од оној што има голем имот.
6Затоа со обмислување се води војна, а успех ќе има со многу советувања.
7Пред вратите на мудрите има мудрост и добра мисла; мудрите не се оддалечуваат од законот на Господа.
8Кој мисли да направи зло, ќе го наречат лош човек.
9Безумниот умира во гревови; нечистотата негова го убива.
10Ако во злочест ден си се покажал слаб, скудна ти е силата.
11Спасувај ги оние што ги водат на смрт, и оние што сакаат да ги убијат, не откажувај се од нив.
12Ако кажеш: ‚ете, ние не го знаевме тоа?‘ А Оној, Кој ги испитува срцата, зар не знае? Оној, Кој бдее над душата твоја, го знае тоа и ќе му даде на човекот според делата негови.
13Јади, синко, мед, затоа што е пријатен, и јади восочен мед, кој е сладок за грлото твое:
14такво е за душата твоја и познавањето на мудроста. Ако си ја нашол, имаш иднина, а твојата надеж нема да те остави.
15Не помислувај зло, безбожниче, против живеалиштето на праведниот, не опустошувај го местото на спокојство негово,
16зашто седумпати ќе падне праведник – и пак ќе стане; а падне ли нечесен, тој изнемогнува во злото.
17Немој да се радуваш, кога непријателот твој ќе падне, и срцето твое да не се весели, кога тој ќе се сопне.
18Инаку, Господ ќе види, и тоа пред очите Негови нема да биде угодно, и Он ќе го оттргне од него гневот Свој.
19Не лути се поради зломисленици и не завидувај им на безбожниците,
20зашто лошиот нема потомство; и светилото не нечесните ќе згасне.
21Бој се, синко, од Господа и до царот; не востанувај ни против едниот ни против другиот,
22оти неочекувано ќе дојде казната од нив, – а кој е тој што ќе ја предосети пропаста до нив двајцата?
23Кажано е од мудрите: не е добро во судот да има пристрастност.
24Кој му вели на виновниот: ‚прав си‘, него народите ќе го проколнуваат, него племињата ќе го мразат;
25а кои разобличуваат, ќе бидат сакани, и врз нив ќе дојде благословот.
26Во устата бакнува оној, кој изговара зборови чесни.
27Уреди ги работите надвор од куќата, сврши ги на нивата своја, а потоа гради го домот свој.
28Не сведочи лажно против ближниот свој: зошто да лажеш со устата своја?
29Не вели: ‚Како ми направи тој мене, така и јас ќе му направам нему: ќе му се одмаздам за навредата што ми ја нанесе.‘
30Минував покрај нивата на мрзлив човек и покрај лозје на малоумен човек:
31и ете, сѐ беше обраснато со трње, нивата беше покриена со коприва, а камената ограда негова беше урната.
32И погледнав, го устремив срцето свое, погледнав и поука извлеков:
33‚малку ќе поспиеш, малку ќе задремеш, малку со скрстени раце, ќе полежиш –
34и сиромаштијата ќе ти дојде како брзоодец, и немаштијата твоја – како вооружен човек.‘
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.