1Братољубие нека пребива меѓу вас!
2Гостољубивоста не заборавајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.
3Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што страдаат, оти и сами сте во тело.
4Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло – чисто; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.
5Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она, што го имате. Зашто Сам Он рекол: »Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам«;
6така што слободно да велиме: »Господ ми е помошник, и нема да се уплашам: што може да ми направи човек?«
7Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.
8Исус Христос е ист вчера, и денес, и во веки.
9Не впуштајте се во разни туѓи учења; оти е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со јадења, од кои немаа никаква полза оние, што ги употребуваа.
10Имаме жртвеник, од кого немаат право да јадат оние, што ѝ служат на скинијата,
11бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во Светилиштето за очистување на гревовите, се изгоруваат надвор од живеалиштето.
12Па затоа и Христос, за да ги освети луѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.
13И така, пред Него да излегуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,
14бидејќи овде немаме постојанен град, туку го бараме оној, што ќе дојде.
15Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните, што го прославуваат името Негово.
16А доброчинството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.
17Покорувајте им се на наставниците ваши и бидете послушни, оти тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.
18Молете се за нас, оти сме уверени дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме.
19Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да ви бидам вратен.
20А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос,
21нека ве усоврши во секое добро дело, за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она, што Му е Нему благоугодно, преку Исуса Христа, Нему слава во веки веков. Амин!
22Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: оти накратко и ви напишав и испратив.
23Знајте дека братот Тимотеј е пуштен, со кого, ако скоро дојде, ќе ве видам.
24Поздравете ги сите ваши наставници и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија.
25Благодат со сите вас. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.