1 15,6; 16,1; 17,1; 21,9 И видов друг знак на небото, голем и чуден: седум ангели што ги држеа седумте последни казни, зашто со нив ќе се заврши Божјиот гнев.
24,6; 13,15-18И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; и оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји.
31,8; 2 Мојс 34,10; 5 Мојс 32,4; Ер 10,7; Амос 3,13; Пс 91,4-5; 110,2; 138,14; 144,17И ја пееја песната на Мојсеј, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи и чудесни се делата Твои, Господи Боже Седржителе! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите!
4Ер 10,7; Мал 1,11; Пс 85,9-10; Тов 13,7.11Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави името Твое? Зашто само Ти си свет; зашто сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови!“
511,19; 2 Мојс 25,22; 38,21; 40,34Потоа видов: ете, на небото се отвори храмот на скинијата на собранието.
6И излегоа од храмот седумте ангели, што ги држеа седумте зла, облечени во чисти и светли облеки од ленено платно и опашани преку градите со златни појаси.
7И едно од четирите животни на седумте ангели им даде седум златни чаши, полни со гневот на Бога, Кој живее во вечни векови.
82 Мојс 40,34-35; 3 Цар 8,10; Ис 6,4; Ез 44,4; 2 Лет 5,13-14И се исполни храмот со дим од славата на Бога и од силата Негова, и никој не можеше да влезе во храмот додека не се извршија седумте казни на седумте ангели.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
