1Продолжи Елијуј и рече:
212,2„Ислушајте го, мудри, зборот мој, и приклонете го увото кон мене, разумни!
36,30; 12,11Зашто увото ги разбира зборовите, како што непцето го разликува вкусот на храната.
415,5Да расудиме меѓу себеси што е право и да познаеме што е добро.
527,2Ете, Јов рече: ‚јас сум прав, но Бог ја отфрли мојата правда.
66,4; 9,29; 16,3; 27,4Треба ли да лажам против својата правда? Раната ми е неизлечива – рана без вина.‘
719,3Има ли човек како Јов, кој ги пие подбивањата како вода,
818,21; 20,29; 22,5кој другарува со оние што вршат беззаконие и оди со безбожни луѓе?
916,17; 27,6; 29,2-5Зашто тој беше рекол: – нема полза за човека да Му угодува на Бога. –
1032,3И така, чујте ме, луѓе разумни! Не може да има кај Бога зло или кај Седржителот неправда.
1134,33Тој постапува со човекот според делата негови и му дава на секого според заслугите негови.
1225,2-4Навистина, Бог не прави зло и Седржителот не суди криво.
1312,9Кој, освен Него, размислува за земјата? И кој управува со вселената?
1412,10; 27,3Ако Тој го свртеше срцето Свое кон Себе и го земеше при Себе нејзиниот дух и нејзиното дишење;
151 Мојс 3,19; Пс 103,29за миг ќе загинеше секоја плот и човекот ќе се вратеше во правот.
16И така, ако имаш разум, чуј го ова и внимавај на зборовите мои.
1722,5-9Оној што ја мрази правдата, може ли да господари? И можеш ли ти да Го обвинуваш Сеправедниот?
185 Мојс 10,17Може ли да му се каже на царот: ‚ти си никаквец‘, и на кнезовите: ‚вие сте беззаконици?‘
19Но Бог не гледа и на лицата на кнезовите и не цени богат пред сиромав, зашто сите тие се дело на раката Негова.
202 Мојс 12,29; Мудр 18,14-16Тие умираат ненадејно; среде ноќ народот ќе се побуни и тие ќе исчезнат; без рака да се подигне, моќниците паѓаат;
2131,4; Ер 32,19; Пс 32,14-15зашто Неговите очи се над патиштата на човекот; Тој ги гледа сите чекори негови.
2212,22; Пс 138,12Нема темнина, ниту смртна сенка, каде што би можеле да се сокријат оние што вршат беззаконие.
2324,1Затоа Тој не бара од човекот да оди на суд со Бога.
2412,16-21Тој ги уништува силните без испитување и поставува други на нивните места,
2524,13-17зашто Тој ги знае нивните дела; кога ќе настане ноќ – веќе ги нема.
2624,22-25Ги поразува како беззаконици пред очите на другите,
27поради тоа што отстапиле од Него и не ги разбрале Неговите патишта,
2831,35; 2 Мојс 22,23така што дојде до Него повикот од сиромасите, го слушна офкањето на угнетените.
2913,24Ако Тој мирува, кој може да Го вознемири? Ако го сокрие лицето Свое, кој може да Го види? А тоа бива за сиот народ и за еден човек,
30Проп 8,9за да не царува лицемерниот над народот и да нема стапица за народот.
3132,21На Бога треба да Му се каже: ‚Претрпев, нема повеќе да грешам.
3232,12А она што јас не знам, научи ме; ако сум направил беззаконие, нема повеќе да правам.‘
33Според твоето ли разбирање Тој треба да наградува? И бидејќи ти отфрлуваш, на тебе останува да избираш, а не на мене; зборувај сѐ што знаеш.
34Умните луѓе ќе го кажат истото; мудрите ќе се согласат со мене,
358,2; 15,2; 18,2; 20,3дека Јов умно не зборува и дека зборовите негови не се разумни.
3637,14Би сакал јас Јов наполно да биде испитан, според одговорите негови, зашто одговара како лошите луѓе.
3727,5Инаку, кон гревот свој додава уште и беззаконие, плеска со рацете меѓу нас и уште повеќе ќе говори против Бога.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.