1 , кај која синовите израилски влегоа во кавга со Господ, и Тој ја покажа пред нив Својата светост.
Царот на Едом одбива да им обезбеди премин на Израилците14 1 Мојс 25,30; 36,16; 2 Мојс 18,8; Суд 11,16-26 И испрати Мојсеј пратеници од Кадис до едомскиот цар (за да му кажат): „Вака вели братот твој Израил: ти ги знаеш сите тешкотии, што нѐ снајдоа;
151 Мојс 15,13; 46,6; 2 Мојс 1,14; 5 Мојс 26,5-10татковците наши слегоа во Египет, и ние живеевме во Египет долго време, и Египќаните лошо постапуваа со нас и со предците наши;
161 Мојс 16,11; 21,17; 2 Мојс 23,20; 5 Мојс 26,8и повикавме кон Господ, и Тој го чу нашиот глас, па испрати ангел, и нѐ изведе од Египет; и ете, ние сме сега во Кадис, град до самите твои предели.
1721,22; 5 Мојс 2,27Дозволи ни да минеме преку твојата земја: нема да одиме преку ниви, ниту преку лозја, и нема да пиеме вода од кладенците (твои): туку ќе одиме по главниот пат, и нема да скршнуваме ни десно, ни лево, додека да ги минеме твоите предели.“
18Суд 11,17Но Едом им рече: „Не минувајте преку мојата земја, зашто со војска ќе излезам против вас.“
195 Мојс 2,6.28И му рекоа синовите израилски: „Ќе одиме по патот, и ако пиеме од водата твоја, јас и добитокот мој, ќе платиме за неа; ништо друго не бараме – само пешки да поминеме.“
20Но тој рече: „Не минувајте!“ И Едом излезе против нив со многуброен народ и со голема сила.
215 Мојс 2,8; Суд 11,18И така, Едом не му дозволи на Израил да мине преку неговите предели. И Израил се повлече од него.
Смртта на Арон22 33,38-39; 5 Мојс 1,46; 32,50 И се кренаа синовите израилски од Кадис, и целиот народ стигна до планината Ор.
23И им рече Господ на Мојсеј и на Арон на планината Ор, близу до пределите на едомската земја, велејќи:
241 Мојс 25,8; 2 Мојс 17,7„Нека умре Арон при народот свој, зашто тој нема да влезе во земјата, која Јас им ја давам на синовите на Израил, затоа што Ме огорчивте кај водата Мерива.
25И земи го Арон и синот негов Елеазар, и искачи ги на планината Ор;
263 Мојс 16,4; 5 Мојс 10,6и соблечи ја од Арон облеката негова и облечи го со неа синот негов Елеазар, и нека замине Арон и нека умре таму!“
27И направи Мојсеј така, како што заповеда Господ. Тие се искачија на планината Ор пред очите на целото општество,
282 Мојс 29,29; 5 Мојс 10,6; 32,50и ја соблече Мојсеј облеката од Арон и го облече со неа синот негов Елеазар. И умре таму Арон на врвот од планината, а Мојсеј и Елеазар слегоа од планината.
291 Мојс 27,41; 5 Мојс 34,8И целото општество виде дека Арон умре, и целиот израилски народ го оплакуваше Арон триесет денови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.