Езекил Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведЕзекил бил и пророк и свештеник во ерусалимскиот храм. Кога Навуходоносор го освоил Ерусалим во 597 година пр. Христос и одвел голем број Јудејци во ропство во Вавилон, меѓу иселените бил и Езекил. Господ го повикал пророкот да биде Божји гласник не само за иселениците во Вавилон, туку и за оние кои останале во Ерусалим. Пророчката служба на Езекил траела од 593 година до 570 година пр. Христос. Бидејќи тоа го опфаќа периодот пред паѓањето на Ерусалим (586 година пр. Христос), и неколку години потоа, некои од пораките на Езекил се предупредување за страшната катастрофа што ќе следи, а оние што се однесуваат на времето по падот на Ерусалим, се полни со надеж за подобра иднина.Кога Господ му ги пренесува Своите пораки на Езекил, Тој му се обраќа со изразот – „Сине човечки“, израз кој многу често се среќава во оваа книга.Книгата на пророкот Езекил би можела да се подели на пет дела. (1) Видението на Езекил во кое ја видел славата Господова и бил повикан за пророк (1–3); (2) Предупредување до народот дека Господ ќе го казни застранувањето од Божјиот пат (4–24); (3) Божјата казна врз околните народи (25–32); (4) Пораки на надеж, по падот на Ерусалим (33–39); (5) Видението што го видел Езекил за нов храм во Ерусалим (40–48).