Јов 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Разговорот на Јов со тројцата негови пријателиЈов го оплакува денот на своето раѓање

1Потоа ја отвори Јов устата своја и го проколна денот на своето раѓање.

2Почна Јов и рече:

310,18; Сир 23,14; Мт 26,24„Нека е проклет денот, во кој се ро­див, и ноќта во која рекоа: – се зачна де­те!

4Тој ден нека биде темнина; да не го побара Бог одозгора и да не изгрее над него светлина!

510,21-22; 28,3; 34,22Да го затемни темнина и смртна сен­ка, црн облак да го покрие, или страш­но помрачување на сонцето!

6Тој ден и таа ноќ, – темнина да ги оп­фати, да не се сметаат меѓу дните на го­дината, да не влезат во бројот на месеците!

7О, таа ноќ! Да беше без луѓе; веселба (и радост) во неа да немаше!

8Нека ја проколнат оние, кои го колнат денот, оние кои знаат да го разбудат чудовиштето водено!

9Нека потемнат ѕвездите на мугрите нејзини; да ја чека светлината и таа да не дојде и да не ги види трепките на зората;

10зашто не ги затвори дверите на мај­чината ми утроба и не ја сокри тагата од очите мои!

1110,18Зошто не сум умрел кога сум се ра­ѓал, и не сум издивнал – кога сум излегол од утробата?

12Зошто ме прифатија на колена? Што ми требаше да цицам гради?

13И сега ќе лежев и ќе почивав; ќе спиев и ќе ми беше спокојно

1415,28; Ис 14,9-11; Ез 32,18-30заедно со цареви и земни советници, кои градеа урнатини за себе,

15или со кнезови, кои имаа злато и кои ги полнеа домовите свои со сребро;

1610,19; Пс 57,8; Проп 6,3или, како недоносче закопано, немаше да ме има, како новороденчиња кои не виделе светлина.

17Ис 57,2; Откр 14,13Во гробот насилниците не прават насилство, а изнемоштените наоѓаат починка за телото.

18Таму затворениците заедно се на­сладуваат од спокојство и не ги слушаат викотниците на надзирателот.

19Мал и голем таму се рамни; робот е слободен од господарот свој.

20Зошто на страдалникот му е дадена светлина, и живот – на душевно огорче­ните,

21Ер 8,3; Откр 9,6кои ја очекуваат смртта, а неа ја нема, кои ја бараат повеќе отколку зако­пано богатство,

22Ос 9,1би се радувале до восхит, би биле среќни, зашто нашле гроб?

231,10Еве јас сум човек кој не знае каде оди, човек чиј пат е сокриен и кого Бог со мрак го опкружил?

24Пс 41,3; 102,10Воздишките мои се моја исхрана, офкањата мои течат како вода,

2515,24; Ез 11,8; Изреки 10,24зашто страшното, од кое се ужасував, тоа ме снајде; од што се плашев, тоа ме сполета.

26Нема за мене мир, нема спокојство, нема утеха; настапи зло.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help