1Пак ги подигнав очите свои и гледам: а таму, ете, четири коли со коњи излегуваат од еден дол меѓу две планини, а тие планини беа од бакар.
2Кај првата кола коњите беа црвеникави, кај втората – црни;
3, кои излегуваат откако се претставија пред Господарот над целата земја.
6Црните коњи излегуваа кон северната земја, а белите одеа кон западната земја, додека шарените коњи одеа кон јужната земја.“
71,11; Јов 1,7Кога излегоа, коњите се впуштија да ја обиколат земјата; и Тој им рече: „Обиколете ја земјата“, и тие ја обиколија.
8Тогаш тој ме повика и ми рече: „Ете, оние што отидоа кон северната земја, го успокоија духот Мој против северната страна.“
Избраниот Водач9 Ер 1,4.11 И пак дојде слово Господово до мене:
10Ер 29,25.29; 1 Езд 1,4.9-11„Собери приноси од прогонетите, од Хелдаја, од Товија и од Једаја, и тргни истиот ден, па дојди во домот на Јошија, синот Софониев, каде што тие пристигнаа од Вавилон.
11Агеј 1,1Земи од нив сребро и злато, па направи круни, и стави ги на главата на Исус, синот Јоцадаков, великиот свештеник
123,8; 2 Цар 7,13; 3 Цар 8,12и речи им: вака вели Господ Саваот: ‚Ете, човек, чие име е Зачетник,‘ Тој ќе израсне од коренот свој и ќе создаде храм Господов.
134,14; Авак 3,3; Пс 92,1Тој ќе создаде храм Господов и ќе се прослави, ќе седне на престолот свој и ќе биде владетел. А од Него, на престолот ќе биде и свештеник и ќе има согласност за мир меѓу едниот и другиот.
14А круната нека остане кај Хелдаја и Товија, за Једаја и Јошија, синот Софониев, како спомен во храмот Господов.
155 Мојс 28,1; Ис 60,10; Агеј 1,8.14И оддалеку ќе дојдат луѓе, кои ќе учествуваат во градењето на храмот. Ќе разберете дека Господ Саваот ме испрати кај вас, и сето тоа ќе се изврши, ако искрено го послушате гласот на вашиот Господ Бог.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
