1 , и направи прегради во ковчегот; потоа намачкај го со смола однатре и однадвор.
15А изгради го вака: должината на ковчегот да биде триста лакти, ширината негова педесет лакти, а во висина да е триесет лакти.
16Направи отвор на ковчегот, и засводи го на еден лакот одозгора; стави му и врата на ковчегот отстрана и нека има три ката во него: долен, среден и горен.
17Пс 28,10; 92,2-4; 2 Птр 2,5Јас ќе пуштам потоп, вода, на земјата, за да го истребам под небото секое суштество, во кое има животен дух; сѐ, што е на земјата, ќе изгине.
189,9; 17,2Но со тебе Јас ќе направам Свој завет, а во ковчегот ќе влезеш ти, и со тебе и синовите твои, и жената твоја, и жените на синовите твои.
19И внеси во него исто така (од секаков добиток и од сите влекачи и) од сите животни, од секое суштество да има по две, за да останат со тебе во живот; од машки и од женски пол да бидат.
20Од птиците според родот нивни, и од добитокот според родот негов, и од сите влекачи според нивниот род – од сите по две ќе влезат при тебе, за да останат живи (со тебе од машки и од женски пол).
21И земи со себе секаква храна, со каква што се хранат, и чувај ја кај себе; тоа ќе биде храната за тебе и за нив!“
22И направи Ное сѐ како што му заповеда Бог; така направи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
