3 Царства 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог му се јавува на Соломон по втор пат(2 Лет 7,11-22)

1Откако Соломон ја заврши градбата на Господовиот храм, на царски­от дом и сѐ што беше посакал да на­прави,

2Господ повторно му се јави на Соломон, како што му се беше јавил во Гаваон.

38,29И Господ му рече: „Јас ја чув твојата молитва и твојата молба, за која Ме молеше (и направив сѐ според твојата молитва), го осветив тој храм што го изгради ти за да биде засекогаш името Мое таму довека, и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни.

4А ти, ако одиш пред Моето лице, како што одеше татко ти Давид, со чисто срце и со правина, исполнувајќи сѐ што сум ти заповедал, и ако ги пазиш Моите уредби и Моите закони,

52,4Јас ќе го поставам твојот царски трон над Израил засекогаш, како што му реков на татко ти Давид, велејќи: ‚Никогаш нема да недостасува од тебе маж, кој седи на престолот Израилев.‘

65 Мојс 6,2; 10,13; 28,15; Ер 26,4-6Ако вие и синовите ваши отстапите од Мене и не ги пазите Моите заповеди и Моите уредби што сум ви ги дал, и ако тргнете и почнете да служите на други богови и да им се поклонувате,

7Јас ќе го истребам Израил од лицето на земјата што сум му ја дал, и храмот што сум го посветил на Моето име, ќе го отфрлам од лицето Свое, и Израил ќе стане за приказ и за подбивање кај сите народи.

85 Мојс 28,37; Ер 18,16; 24,9; 49,17; 50,13И за тој висок храм, секој што ќе мине покрај него, ќе се вџаши, ќе пот­свирне и ќе рече: ‚зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘

9И ќе речат: ‚затоа што тие Го оста­вија Господ, својот Бог, Кој ги изведе татковците нивни од египетската земја, и се приврзаа кон други богови, им се поклонуваа и им служеа, – затоа Господ им го испрати ова зло!‘“

Соломоновите дела(2 Лет 8,1-18)

10Откако изминаа дваесет години, во текот на кои Соломон изгради два дома, – домот Господов и царскиот дом, –

11за кои тирскиот цар Хирам му на­бавуваше на Соломон кедрово дрво и кипарисово дрво и злато според желбата негова, – цар Соломон му даде на Хирам дваесет градови во галилејската земја.

12И Хирам излезе од Тир да ги прегледа градовите што му ги даде Со­ломон, и тие не му се допаднаа.

13Затоа тој рече: „Какви се тие гра­дови што ти, брате мој, ми ги даде?“ И ги нарече земја Кавул, како што се на­рекуваат и денес.

14А Хирам му беше испратил на ца­рот сто и дваесет кикари злато.

15Оттука и распределбата за данокот што го наложи Соломон за да го изгради храмот Господов и својот дом, Мило и ѕидовите ерусалимски, Асор и Мегидо и Гезер.

163,1Фараонот, египетскиот цар, беше дошол и го презел Гезер, и со оган го беше изгорел, а Хананците што живееја во градот, ги беше убил, и го беше дал како мираз на ќерка си, Соломоно­вата жена.

17И тогаш Соломон го изгради Гезер и Долни Веторон,

18Ваалат, Тадмор во пустината,

19и сите градови житници што ги имаше Соломон, и градовите за колите, градовите за коњицата и сѐ она што Со­ломон сакаше да изгради во Ерусалим, на Ливан и по целата земја на своето владение.

20Суд 3,3-5Сите луѓе, останати од Аморејците, Хитијците, Перизијците, Хананците, Евејците, Јевусијците и Гергесејците, кои не беа од Израилевите синови,

215 Мојс 2,34; 20,16-18децата нивни, останати по нив во земјата, кои Израилевите синови не мо­жеа да ги истребат, – Соломон ги на­прави поданички работници, какви што се и денес.

22А синовите Израилеви Соломон ги правеше работници; тие беа негови вој­ници, служители, великодостојници, војсководци и заповедници на неговите коли и на неговите коњаници.

23Главните, пак, распоредници над Соломоновите работи, односно управ­ниците на народот што ја извршуваа ра­ботата, беа петстотини и педесет.

242 Лет 8,11-12Фараоновата ќерка премина од Да­видовиот град во својот дом што го из­гради Соломон за неа. Потоа тој го из­гради Мило.

25Соломон принесуваше трипати го­дишно сепаленици и жртви за мир на жртвеникот што Му го беше изградил на Господ, и кадеше врз него пред Гос­под. Така заврши градбата на домот.

26Цар Соломон направи исто така и кораби во Ецјон-Гевер, кој е кај Елат, на брегот на Црвеното Море, во земјата Едом.

272 Лет 8,17-18И Хирам испрати на тие кораби свои поданици – корабари што го знаат морето, заедно со Соломоновите по­даници;

2810,11; 22,49; 1 Мојс 10,29; Ис 13,12; Пс 44,9; Јов 22,24; 28,16; 1 Лет 1,23; 29,4; 2 Лет 8,18; 9,10; Тов 13,17; Сир 7,18тие отидоа во Офир и зедоа оттаму четиристотини и дваесет кикари злато и му го донесоа на цар Соломон.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help