1Во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јошиев, дојде ова слово Господово до Еремија:
230,2; 51,60„Земи си книга и напиши ги во неа сите зборови, што ти ги кажав за Израил, за Јуда и за сите народи од оној ден, откако почнав да ти кажувам, од дните на Јошија па до денес;
335,15; 36,7; Соф 2,3можеби домот Јудин ќе чуе за сите несреќи што мислам да му ги направам, па тие да се повратат секој од својот лош пат, и Јас да им ја простам неправдата нивна и гревовите нивни.“
4И го повика Еремија Варух, синот Нириев, и ги напиша Варух во книга како свиток од устата на Еремија сите Господови зборови, што му ги беше кажал Тој.
5Тогаш Еремија му заповеда на Варух и му рече: „Јас сум затворен и не можам да појдам во домот Господов;
6затоа оди и прочитај ги ти од свитокот запишаните зборови Господови од мојата уста гласно пред народот во домот Господов, во денот на постот, прочитај ги гласно и пред сите Јудејци, што се дојдени од градовите свои;
736,3; 42,18можеби, тие ќе упатат смирена молба пред лицето Господово и ќе се повратат секој од својот лош пат; зашто голем е гневот и негодувањето, што Господ го изрече против овој народ.“
8Варух, синот на Нерија, направи сѐ, како што му заповеда пророкот Еремија – и ги прочита од свитокот во домот Господов, запишаните зборови Господови.
9Во петтата година на јудејскиот цар Јоаким, синот Јошиев, во деветтиот месец, објавија пред лицето Господово пост за сиот народ ерусалимски и за сиот народ, што беше дошол од јудејските градови во Ерусалим.
104 Цар 21,5; 2 Лет 20,5И Варух ги прочита гласно пред сиот народ запишаните во свитокот Еремиеви зборови во домот Господов, во собата на писарот Гемарија, син Сафанов, во горниот двор при влезот на новите порти од домот Господов.
11Михеј, синот на Гемарија, Сафанов син, ги чу сите Господови зборови, запишани во свитокот,
12и слезе во домот на царот, во собата на царевиот писар, а тоа, таму седеа сите кнезови: Елишама, писарот царев, Делаја, синот Шемаев, Елнатан, синот Ахборов, Гемарија, синот Сафанов, Седекија, синот Хананиев, и сите кнезови.
13И им ги кажа Михеј сите зборови, што ги чу, кога Варух го читаше свитокот гласно пред народот.
14Тогаш сите кнезови го пратија кај Варух Јехуди, синот на Нетанија, син Шелемиев, син Кушиев, да му каже: „Земи го в рака свитокот, што го читаше гласно пред народот, па дојди!“ И го зеде Варух, синот Нириев, свитокот в рака и отиде кај нив.
15Тие му рекоа: „Седни и прочитај ни го гласно!“ И Варух им го прочита гласно.
1636,24Кога ги ислушаа сите зборови, со ужас се погледаа помеѓу себе и му рекоа на Варух: „Ние ќе му ги кажеме на царот сите овие зборови.“
17И го прашаа Варух: „А кажи ни ти како ги напиша сите овие зборови од устата негова?“
18И им одговори Варух: „Тој ми ги изговори со устата своја сите овие зборови, јас, пак, ги запишав со мастило во овој книжен свиток.“
19Тогаш кнезовите му рекоа на Варух: „Оди и сокриј се, ти и Еремија, па никој да не знае, каде сте.“
20И отидоа кај царот во дворецот, а свитокот го оставија во собата на Елишама, писарот царев; па му ги раскажаа гласно пред царот сите тие зборови.
21Царот го испрати Јехуди да го донесе свитокот, и тој го зеде од собата на Елишама, писарот царев; и го прочита Јехуди гласно пред царот и гласно пред сите кнезови, што стоеја околу царот.
22Во тоа време, во деветтиот месец, царот престојуваше во зимскиот дворец и пред него имаше оган со разгорен јаглен.
23Штом Јехуди ќе прочиташе два – три параграфа, царот ги сечеше со писарското ноже и еден по еден ги фрлаше во оганот, сѐ додека не беше уништен целиот свиток во огнот, што гореше.
242,19; 5,22; 36,16Не се уплашија и не ги раскинаа облеките свои ни царот, ниту слугите негови, кои ги чуја сите зборови.
25Иако Елнатан, Делаја и Гемарија го молеа царот да не го гори свитокот, тој не ги послуша.
26И царот му заповеда на царевиот син Јерахмеел, и на Сераја, синот Азриилов, и на Шелемија, синот Авдеелов, да ги фатат писарот Варух и пророкот Еремија, но Господ ги сокри.
Втор пророчки запис од Еремија27И дојде слово Господово до Еремија, откако царот го изгоре свитокот и зборовите, што беше ги запишал Варух од устата на Еремија, и му беше речено:
28„Земи си пак друг свиток и напиши ги во него сите поранешни зборови, што беа во првиот свиток, кои јудејскиот цар Јоаким ги изгоре;
299,9; 11,23а на јудејскиот цар Јоаким кажи му – вака вели Господ: ти го изгоре свитокот, зашто рече – бидејќи напиша во него: Бездруго ќе дојде вавилонскиот цар и ќе ја разори оваа земја и ќе ги истреби во неа луѓето и добитокот,
308,2; Варух 2,25поради тоа, вели Господ за јудејскиот цар Јоаким: ќе нема од него човек што ќе седи на Давидовиот престол, и трупот негов ќе биде фрлен на дневниот припек и на ноќниот студ.
3135,17Па ќе го казнам него, и племето негово, и слугите негови за неправдите нивни, и ќе го испратам врз нив и врз ерусалимските жители, и врз луѓето на Јуда, сето она зло, што го искажав врз нив, а тие не послушаа.“
32И зеде Еремија друг свиток и му го даде на писарот Варух, синот Нириев, и тој ги напиша во него од устата на Еремија сите зборови од оној свиток, што го изгоре во оган јудејскиот цар Јоаким; а додаде кон нив и уште многу други зборови слични на нив.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.