2 Ездра 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророците Агеј и Захарија му помагаат на Зоровавел

1 1 Езд 4,24 1 Езд 5 Во втората година од царувањето на Дариј, пророците Агеј и Заха­рија, синот на Идо, им пророкуваа на Ју­дејците, што беа во Јудеја и Еруса­лим, од името на Господ, Бог Израилев.

2Тогаш Зоровавел, синот на Салати­ил, и Јешуа, синот на Јоседек, почнаа да го градат Господовиот дом во Еруса­лим, во присуство на Господовите пророци, кои им помагаа.

32,17; 1 Езд 5,3 Во тоа време дојдоа кај нив Сисиниј, војводата на Сирија и Феникија, и Са­травузан и другарите нивни, та им ре­коа:

4„Со чија дозвола вие го градите овој дом и овој покрив и ги довршувате сите други работи? И кои се градителите, што ги довршуваат?“

5Лк 1,68 Но Јудејските старешини добија ми­лост од Господ, Кој се смилува над оние кои беа од пленството,

6и не им забранија да градат, додека не му јават за нив на Дариј, и додека да добијат одговор.

Писмото од Сисиниј до Дариј

7 2,17 Еве препис од писмото, што го напи­ша Сисиниј и што му го испрати на Да­риј: „Сисиниј, војводата на Сирија, Фе­никија и Сатравузан и другарите, на­чалници во Сирија и Феникија, до царот Дариј – поздрав.

88,9; Ест 7,1; 1 Мак 10,25; 11,32; 2 Мак 11,34; Дела 15,23; 23,26; 1 Езд 5,7 Да му биде сѐ познато на нашиот цар – господар дека кога дојдовме во Ју­дејската област и влеговме во градот Ерусалим, ги најдовме таму вратените од пленство јудејски старешини, кои Му градат нов голем дом на Господ од ска­пи делкани камења, ставајќи во ѕидо­вите и дрво;

9тие работи ги вршат од сѐ срце, и ра­ботата напредува успешно во рацете нивни и се довршува со голем сјај и со голема грижливост.

10Тогаш ги прашавме тие старешини, велејќи: ‚По чија заповед го градите овој дом и ги правите овие работи?‘

11За да ти јавиме и да ти напишеме за нивните началници, ние ги прашавме и побаравме од нив список на имињата на водачите нивни.

12А тие ни одговорија: ‚Ние сме слу­ги на Господ, Кој го создал небото и земјата.

13Овој дом многу години пред тоа бил граден од голем и силен цар израилски, и бил завршен.

14Евр 3,16 Но бидејќи татковците наши Го разгневиле со гревовите свои Господ Израилев, Кој е на небото, Тој ги преда­де во рацете на царот Навуходоносор од Вавилон, цар на Халдејците.

151,55 Тие го разрушиле и го изгореле овој дом, а народот го одвеле во пленство во Вавилон.

162,1 Но во првата година по зацарувањето на Кир над Вавилонската земја, ца­рот Кир заповеда да се изгради овој дом.

172,10.12; 4,44 И свештените садови, златни и среб­рени, што Навуходоносор ги беше из­нел од ерусалимскиот храм и ги пос­та­вил во своето светилиште, царот Кир пак ги земал од светилиштето вавилонско и му ги предал на кнезот Зоровавел и Сасавасар.

18Ним им било заповедано да ги однесат сите тие садови и да ги постават во ерусалимскиот храм и да изградат храм Господов на местото негово.

192,12 Тогаш Сасавасар дошол и поставил темели на Господовиот храм во Еруса­лим, и оттогаш досега се гради и не е до­вршен.‘

20Затоа, царе, ако дозволиш, нека по­бараат во архивите на царот Кир,

21и ако се најде дека градењето на Господовиот дом во Ерусалим се врш­е­ло по согласност на царот Кир, и ако му е по волја на нашиот цар-господар, нека нѐ извести нас за тоа.“

Указот на Дариј

22 1 Езд 6,1-12 1 Езд 6,2 Тогаш царот Дариј заповеда да бараат по летописните книги вавилонски, и најдоа во Екбатана, тврдина во Мидиската област, еден свиток во кој беше запишано:

232 Мојс 29,42; 30,8; 4 Мојс 16,46; 28,6 Во првата година на Кировото ца­рување, цар Кир заповеда да се изгради домот Господов во Ерусалим, каде што принесуваат жртви на оган, што не се гасне.

24Висината на храмот – шеесет лакти, широчината – шеесет лакти, со три згради од делкан камен и со една од домашно дрво, а трошоците да паднат на домот на цар Кир;

252,10 и свештените садови на Господо­виот дом, златни и сребрени, што На­ву­ходоносор ги изнел од ерусалимскиот дом и ги пренел во Вавилон, да се вра­тат во ерусалимскиот дом, за да се пос­тават таму, каде што биле.

266,29; 7,1 Му заповеда исто така на Сисиниј, војводата на Сирија и Феникија, и на Сатравузан и другарите негови и на на­чалниците што се поставени во Сирија и Феникија, да се држат настрана од тоа место и да ги остават Господовиот слу­га Зоровавел, кнез јудејски, и старе­ши­ните јудејски да го градат овој Гос­подов дом на местото негово.

27Јас заповедав да се изѕида совршено и да се настојува, на вратените од пленство Јудејци да им се укажува помош, додека конечно не се заврши домот Гос­подов,

282,17и од даноците на Келе-Сирија и Фе­никија да им се дава редовно на тие лу­ѓе, преку кнезот Зоровавел, за жртви на Господ, за телци, овни и јагниња.

29Исто така постојано секоја година без приговор да се дава пченица, сол, вино и масло, колку што ќе одредат свештениците, што се во Ерусалим, да се троши секој ден;

308,19.21; Јудита 13,18; Ест 8,16; Мк 5,7 за да Му принесуваат на Севишниот Бог жртви за царот и децата негови и да се молат за животот нивни.

31Притоа да се разгласи дека, ако не­кој престапи или наруши нешто од на­пишаното, да се земе дрво од негова сопственост, и да биде обесен на него, а имотот негов да му припадне на царот.

32„За тоа Господ, Чие име се повикува таму, да го погуби секој цар и народ, што ќе подаде рака да се попречи или да му се направи некакво зло на тој Гос­подов дом во Ерусалим.

33Јас, цар Дариј, наредив да биде ток­му така.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help