Еремија 27 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Еремија ги повикува царевите да се покорат под јаремот на Вавилон

1Во почетокот од царувањето на јудејскиот цар Јоаким, син Јо­ши­ев, дојде слово Господово до Ере­мија.

2Вака ми рече Господ: направи си ја­жиња и јарем, па стави ги околу вратот.

3И прати исто такви до царот на Едом, до моавскиот цар, до царот на си­новите Амонови, до тирскиот цар и до царот на Сидон, по пратеници, што дошле во Ерусалим кај јудејскиот цар Седекија,

4и порачај им да им кажат на господарите свои – вака вели Господ Саваот, Бог Израилев – кажете им го ова на ва­шите господари:

510,12; 32,17; Дан 4,14ја создадов земјата, човекот и жи­вотните, што се по земјината топка, со големата Своја сила и со Својата крената рака, па му ја давам на оној, кому са­кам.

628,14; 43,10А, еве, сега, сите тие земји ги преда­вам во раката на вавилонскиот цар На­вуходоносор, Мојот слуга, дури и ѕве­ро­вите полски му ги предавам, за да му служат.

725,26; Авак 2,5И сите народи ќе му служат нему и на синот негов, и на внукот негов, сѐ додека дојде времето на земјата негова и неговото време, и ќе му служат многу народи и големи цареви.

824,10; Варух 2,22А, ако некој народ и некое царство не ќе сака да му служи на вавилонскиот цар Навуходоносор и нема да го свитка вратот под јаремот на вавилонскиот цар, тој народ Јас ќе го казнам со меч, со глад и со помор, вели Господ, додека не го истребам преку раката негова.

9А вие не слушајте ги вашите пророци и вашите бајачи, вашите јасновидци, вашите маѓепсници и вашите вражачи, кои ви велат: „Нема да му робувате на вавилонскиот цар.“

10Затоа што тие ви пророкуваат лага, за да ве оддалечат од земјата ваша, па Јас да ве изгонам и вие да загинете.

1142,12А оној народ, што ќе го наведне вратот свој под јаремот на вавилонскиот цар и ќе му служи, ќе го оставам во неговата земја, вели Господ, и тој ќе си ја обработува и ќе живее во неа.

12И на јудејскиот цар Седекија Јас му ги кажав истите зборови, велејќи: на­веднете го вратот под јаремот на вави­лонскиот цар и служете му нему и на народот негов, па ќе бидете живи.

1327,8Зошто да умреш ти и народот твој од меч, од глад и од помор, како што ве­ли Господ за овој народ, што не сака да му служи на вавилонскиот цар?

14И немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви велат: „Нема да му робувате на вавилонскиот цар“, заш­то тие ви пророкуваат лага.

1523,21.32Јас не сум ги пратил, вели Господ; и тие лажно пророкуваат во Мое име, за да ве изгонам и да загинете, вие и пророците ваши, кои ви пророкуваат.

16Им зборував и на свештениците и на сиот овој народ – вака вели Господ: не слушајте ги зборовите на вашите пророци кои ви пророкуваат и велат: „Еве, наскоро ќе бидат вратени од Ва­ви­лон садовите на домот Господов“, би­дејќи тие ви пророкуваат лага.

1726,18Не слушајте ги, туку служете му на вавилонскиот цар и живејте; зошто да го доведете овој град до запустување?

18Ако се, пак, тие пророци, и ако во нив има слово Господово, нека се молат пред Господ Саваот, па садовите што останале во домот Господов, во домот на јудејскиот цар и во Ерусалим, да не се однесат во Вавилон.

19Зашто вака вели Господ Саваот: за столбовите и за морето, и за подножјата како и за другите работи, што останаа во овој град,

20а кои вавилонскиот цар Навухо­до­носор не ги зеде, кога го одведе во ропство јудејскиот цар Јехонија, синот Јоа­кимов, царот јудејски од Ерусалим и си­те старешини во Вавилон,

21зашто вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, за садовите што останаа во домот Господов, во домот на јудејскиот цар и во Ерусалим:

2230,3; 1 Езд 1,7-11тие ќе бидат однесени во Вавилон и таму ќе останат, сѐ додека ве посетам, вели Господ, и ве изведам и ве вратам во ова место.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help