1 1 Тим 4,1 Но ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња.
2Рим 1,29-31Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници,
3непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,
4предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви,
5Мт 7,15.21; 24,4.24; Кол 2,23; Тит 1,16на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај!
6Дела 17,21; Тит 1,11Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти,
7Јн 8,32; 1 Тим 2,4жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до спознание на вистината.
81 Тим 6,5Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата.
9Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца.
101 Кор 13,13Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста,
11Дела 13,50; 14,5.19на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави.
12Јн 15,20; Дела 14,22; 1 Сол 3,4А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети.
13А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.
141,5; 2,2Но ти остани во тоа што си го научил и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил,
15Јн 5,39бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус.
16Рим 15,4; 1 Кор 10,6; 2 Птр 1,21Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност,
172,21за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
