1Чуј го, Боже, гласот мој, кога Ти се молам; зачувај ми го животот мој од непријателот што ме застрашува.
2Сокриј ме од тајните завери на грешниците, од плановите на злочинците.
3Тие ги наострија јазиците свои како меч, тие исфрлаат ранливи зборови, како стрели,
410,2; 54,21; 56,4; 58,7; 139,3; Ер 9,3за да стрелаат скришно на непорочниот; тие стрелаат ненадејно врз него, без страв.
5Тие цврсто се договорија за зло; се договорија како да ја прикријат замката, па си рекоа: кој ќе нѐ види?
69,31; 93,7; Ис 29,15; Изреки 1,11-12; 6,13Сонуваат за злодела, скришни заговори кројат. Зашто, човековото срце и ум се длабока бездна.
7Ер 11,20; Проп 7,24Но Бог ќе ги застрела, ќе ги рани ненадејно.
87,12-13; 37,2; 5 Мојс 32,42Сопствениот јазик пропаст ќе им донесе; сите оние што ќе ги видат, ќе се стаписаат.
921,7; 43,14И секој човек ќе се уплаши. Ќе се раскажува за делата Божји и ќе размислуваат за она што Тој го изврши.
1039,3; 51,6А праведниот ќе се развесели во Господ и ќе прибегне кај Него; и ќе се веселат сите кои се праведни по срце.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
