3 Ездра Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведТретата книга Ездра е откровение (или серија од виденија и откровенија), кое првобитно било напишано од непознат еврејски писател, на еврејски или на арамејски јазик. Оваа книга била преведена на грчки, а подоцна кон неа биле додадени вовед и додаток. Оригиналот и грчкиот превод исчезнале, па сега текстот е зачуван на латински јазик како Четврта книга Ездра, според кој е направен и преводот на црковнословенски. Во книгата се соопштуваат седумте виденија што ги имал Салатиил (кој е поистоветен со Ездра), а исто така се даваат одговори на прашањата поврзани за разни проблеми, како на пример за злото, страдањето, прогонството, крајот на светот, судот и новиот свет.