Проповедник 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 Гал 5,9 Мртвите муви го расипуваат и го усмрдуваат благопријатното мас­ло на мироварец: истото го прави една мала глупост на уважуван човек за неговата мудрост и чест.

22,14Срцето на мудриот се наклонува кон десно, а срцето на глупавиот – кон лево.

3По каков и да било пат да оди глупа­виот, кај него секогаш не­достига разум, и пред секого тој ќе се покажува дека е неразумен.

4Изреки 15,4; 16,14Ако гневот на оној што владее из­був­не врз тебе, не напуштај го местото свое, зашто кроткоста спречува големи грешки.

5Има зло што сум го видел на земјата, како грешка што доаѓа од владете­лот;

6Изреки 19,10; 30,22неразумниот се поставува на голема височина, а богатите седат ниско.

7Сум видел слуги на коњи, а кнезови да одат пешки како слуги.

8Пс 7,15; Изреки 26,27; Сир 27,26Кој копа јама, сам ќе падне во неа, и кој соборува ограда, змија ќе го касне.

9Кој крева камења, може да се шине, и кој цепи дрва, може да се изложи на опасност од нив.

10Изреки 16,32Ако отапи секирата, и ако сечилото нејзино не биде наострено, ќе треба по­веќе сила; мудроста знае тоа да го поп­рави.

11Ако змијата касне пред да биде уби­е­на, тогаш каква е ползата за оној што ќе ја убие.

Не треба премногу да се зборува

12 Изреки 10,32; 15,2 Зборовите од уста на мудрец се благодат, а устата на безумниот самиот него го погубува:

13Ис 32,6; Пс 13,1првите зборови од устата му се глупост, а крајот на речта на устата негова – лошо безумие.

143,22Глупавиот зборува многу, а човекот и не знае што ќе биде; та и кој ќе му ка­же, што ќе биде по него?

15Трудот на глупавиот го изморува, зашто не го знае дури ни патот за во градот.

16Тешко тебе, земјо, кога царот твој е дете, и кога кнезовите твои уште од ра­но се гоштеваат!

17Ис 3,4.10; Изреки 31,4Блазе тебе, земјо, кога царот ти е од род благороден, и кнезовите твои јадат навреме, за поткрепа, а не за преситува­ње!

18Од мрзливост ќе нависне таванот, и кога ќе се скрстат рацете, покривот ќе прокапе.

19Суд 9,13; Пс 103,15Гоштевања се приредуваат заради наслада и виното го весели животот; а сѐ прави среброто.

207,21; 2 Мојс 22,28; Лк 12,2-3Дури и во мислите свои не навредувај го царот, и во спалната своја не го навредувај богатиот; зашто небесната птица може да го пренесе твојот збор, и сѐ што има крилја ќе го соопшти твојот збор.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help