3 Царства 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Царицата од Сава во посета кај Соломон(2 Лет 9,1-12)

1 Суд 14,12-18; Мт 12,42 Савската царица, откако слушна за славата Соломонова и за име­то на Господ, дојде да го испита со га­танки.

2Таа дојде во Ерусалим со многу го­лемо богатство: камилите беа натоварени со благопријатни мириси, со многу злато и скапоцени камења; таа дојде кај Соломон и говореше со него за сѐ што ѝ беше на срцето.

3Соломон ѝ ги објасни сите нејзини зборови, и немаше ништо непознато за царот што не ѝ го објасни.

4Савската царица ја виде сета муд­рост на Соломон, и домот што тој го беше изградил,

5и јадењата на трпезата негова, и жи­веалиштата на слугите негови, и др­жењето на слугите негови, облеката нивна и пехарниците негови, и сепале­ниците негови што ги принесуваше во храмот Господов. И повеќе не можеше да се воздржи,

6па му рече на царот: „Вистина е она што го бев слушала во својата земја за твоите дела и за твојата мудрост;

7но не верував на зборови, додека не дојдов, и не видоа очите мои: и, ете, ме­не ни половината не ми беше речено; мудрост и богатство ти имаш повеќе отколку што сум слушала.

8Блажени се твоите луѓе, блажени се и тие твои слуги што стојат пред тебе секогаш и ја слушаат твојата мудрост!

9Благословен да е Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Изра­илевиот престол! Господ, поради ве­ч­ната Своја љубов кон Израил, те по­стави за цар за да вршиш суд и правда.“

10И таа му подари на царот сто и два­есет кикари злато и големо множество благопријатни мириси и скапоцени камења; никогаш уште не беа донесувани толку многу благопријатни мири­си, колку што савската царица му пода­ри на царот Соломон.

11И Хирамовите кораби што носеа злато од Офир, донесоа од Офир големо множество алмугово дрво и скапоцени камења.

12И царот направи од тоа скапоцено алмугово дрво потпирки за храмот Гос­подов и за царскиот дом, и харфи и псалтири за пејачите. Никогаш не беше донесувано толку алмугово дрво и не беше видено до тој ден.

13Тогаш царот Соломон ѝ даде на савската царица сѐ што таа пожела и што посака, посебно од она што цар Соломон ѝ го подари со рацете свои. И се врати таа во својата земја, таа и сите нејзини слуги.

Богатството на царот Соломон(2 Лет 1,14-17; 9,13-28)

14Златото што му доаѓаше на Соло­мон секоја година, тежеше шестотини шеесет и шест кикари,

15освен она што се добиваше од разнесувачите на стока и од тргувањето на трговците и од сите арапски цареви и од обласните управници.

16Царот Соломон направи двесте го­леми штита од ковано злато, – по шес­тотини шекели злато се потрошени за секој штит;

17и триста помали штита од ковано злато, – од по три мини злато за секој штит; и царот ги постави во домот од леванонско дрво.

18Царот направи и голем престол од слонова коска и го обложи со чисто зла­то;

19пред престолот имаше шест ска­лила; одзади врвот на престолот беше кружен, и од двете страни на седиштето имаше потпирки, а до потпирките стоеја два лава;

20и уште дванаесет лава стоеја таму од двете страни на шесте скалила. Слично нешто немало ни во едно друго царство.

21Сир 47,18Сите садови за пиење кај цар Соломон беа златни, и сите садови во домот од леванонско дрво беа од чисто злато; ништо немаше од сребро, зашто во дните на Соломон среброто не се сметаше за нешто вредно;

2222,49; Ис 2,16; 23,1.14; 60,9; Ез 27,25; Пс 47,7; 2 Лет 9,21; 20,36-37царот имаше на морето таршишки кораби заедно со Хирамовите кораби и во три години еднаш доаѓаа тар­шишките кораби и донесуваа злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.

23Сир 47,16Цар Соломон ги надминуваше сите земни цареви по богатството и мудроста.

24И сите земни цареви сакаа да го ви­дат Соломон за да ја послушаат мудроста негова, која Бог ја беше ставил во срцето негово.

25И тие му принесуваа, секој од себеси, дар: сребрени садови, облека, оружје и благопријатни мириси, коњи и маски секоја година.

265,6; 5 Мојс 17,16; 2 Лет 1,14-17Соломон така насобра коњи и ко­њаници; тој имаше четириесет илјади коли и дванаесет илјади коњаници, кои ги распореди по градовите, каде што му беа колите и кај царот во Ерусалим.

26а Тој владееше над сите мориња – од Реката до филистејската земја и до пределите на Египет.

27Царот направи во Ерусалим да има сребро колку и обичните камења, а кед­рово дрво како дивите смокви што растеа по низините.

28Коњи, пак, донесуваа за царот Со­ломон од Египет и од Киве; царските трговци ги купуваа по определена цена.

29Купена и донесена до Египет една кола чинеше шестотини шекели сребро, а коњ, – сто и педесет. На ист начин тие со свои раце им го доставуваа сето тоа на хитиските и на арамејските цареви.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help