2 Летописи 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Правење садови и сѐ друго потребно за храмот(3 Цар 7,23-51)

1 2 Мојс 20,24; 3 Цар 8,64 А направи и бакарен жртвеник: дваесет лакти долг, дваесет лакти широк и десет лакти висок.

2Откр 4,6; 15,2

3 Цар 7,23-26И направи излеано море – од едниот крај негов до другиот десет лакти – целиот круг, висок пет лакти, а наоколу при врвот – триесет лакти;

3наоколу под него од сите страни има­ше излеано фигури воловски; на де­сет лакти наоколу морето го опколуваа два реда волови, излеани заедно со него.

4Тоа стоеше врз дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток, а морето врз нив одозгора: заднините пак им беа свртени навнатре.

5Дебелината му беше колку една дланка, а краиштата негови, направени како краишта на чаша; прилегаа на расцутен крин. Тоа собираше три илјади бата.

63 Цар 7,38-39Направи и десет мијалници и пос­тави пет десно и пет лево, за да мијат во нив – го миеја во нив приготвеното за сепалениците; а морето – за свештени­ците, за да се мијат во него.

72 Мојс 25,31-40Направи и десет златни светилници, какви што требаше да бидат, и ги пос­тави во храмот – пет десно и пет лево.

82 Мојс 25,23-30; 4 Мојс 4,14Направи и десет трпези и ги постави во храмот – пет десно и пет лево; на­прави и сто златни чаши.

9Направи уште и свештенички двор, и голем двор, и врати кон дворот, и вра­тите им ги опкова со бакар.

103 Цар 7,39-51Морето го постави на десната стра­на, кон југоисток.

113 Цар 7,14И направи Хирам котли, лопатки, чаши, кадилници и сите жртвени са­дови. И ја сврши Хирам работата, што ја правеше за царот Соломон во Бож­јиот дом:

12два столба и два појаса околу врвовите врз столбовите и две мрежи, за да ги покриваат двата појаса околу капителите, што беа врз столбовите,

13и четиристотини нарови на двете мрежи – два реда нарови за секоја мре­жа, за да ги покриваат двата појаса околу врвовите врз столбовите.

14Направи и подножја, направи и мијалници над подножјата;

15едно море и дванаесет волови под него,

16и котли и лопатки, и виљушки; це­лиот тој прибор Хирам му го направи на царот Соломон за домот Господов од измазнет бакар.

171 Мојс 33,17Царот ги излеа во глинена земја од околината на Јордан, меѓу Сукот и Це­редата.

18Соломон ги направи сите тие предмети во големо множество, така што не се знаеше мерката на бакарот.

192 Мојс 25,23Тогаш ги направи Соломон и сите други предмети за Божјиот дом: и златен жртвеник, и трпези за приносните лебови,

202 Мојс 25,31и светилници, и кандилата нивни, за да ги палат според уредбите пред Све­тињата над светињите – од чисто злато;

21и цвеќенца, и кандилца, и машички од злато, од најчисто злато,

223 Мојс 10,1; 4 Мојс 7,14и ножеви, и котлиња, и чаши, и ка­дилници од најчисто злато; и храмовите порти – внатрешните порти за Светиња­та над светињите, и храмовите порти за светилиштето – од злато.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help