Сирахова 18 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Божјото величие

1 43,33; Ис 44,24 Сѐ создал Оној Кој вечно живее; само Господ е праведен.

2Никому не му дал делата Негови да ги објаснува.

3Кој може големите Него­ви дела да ги исцрпи?

4Пс 105,2; Јов 5,9Кој може на величието Негово да ја измери силата? Кој може неговите ми­лости да ги искаже?

5Не е можно да се намалат, ниту е можно да се зголемат; никој не може да ги исцрпи чудесните дела Божји.

642,21; Проп 3,11Кога човекот помисли дека нешто завршил, тоа е само почеток, а штом престане – збунет е како и секогаш.

Што е човекот?

7 Пс 138,17 Што е човекот и зошто е? Што е неговото добро, а што неговото зло?

8Пс 8,4; Јов 7,17Деновите на човекот се многу ако се сто години, а во споредба со вечноста – тие се како капка вода или зрно песок во мо­рето.

917,2; Пс 89,10Затоа спрема луѓето Господ е долготрпелив, ги опсипува со своите ми­лости.

10Ис 40,15; Пс 38,4-6; 90,4Тој гледа и знае колку е беден нивниот крај.

11Пс 77,38-39Затоа толку многу им простува.

12Милоста на човекот е само спрема неговиот ближен, а милоста Божја – за сѐ што е живо.

13Ер 31,10; Мудр 11,23; 1 Птр 2,25Господ ги прекорува и вразумува, поучува и ги враќа, како пастирот стадото свое.

14Милостив е спрема оние што се вразумуваат и спрема оние кои ревносно се враќаат кон законот Негов.

Добриот начин да се помогне

15Синко, добрите дела твои не врши ги со прекор, и подароците твои не давај ги со навредливи зборови.

16Росата нели ја освежува жегата? Поскапоцен е зборот од дарот.

17Не е ли зборот подобар од добриот дар? А добродетелниот човек го има и едното и другото.

18Јк 1,5Глупавиот немилосрдно прекорува, а дарот од завидливиот очите ги суши.

Претпазливоста на мудрите

19 38,4.12 Помисли пред да проговориш, гри­жи се за себе пред да се разболиш.

20Сам испитувај се пред да ти судат; во часот на посетата Божја ќе бидеш помилуван.

21Понизи се пред да се разболиш; а кога си згрешил – покај се.

225 Мојс 23,21-23; Проп 5,3Ништо да не ти пречи заветот да го исполниш навреме, не одлагај пред са­мата смрт да се оправдаш.

23Изреки 20,25; Проп 5,1-6Пред да почнеш да се молиш, при­го­тви се; не биди како човек кој Гос­по­да Го искушува.

24Мисли на гневот во смртниот час и на часот на одмазда – кога Бог лицето Свое го свртува.

2511,25Во време на изобилие помисли и на глад, а во времето кога си богат – на си­ромаштија и немаштија.

26Пс 89,4.6Од утро до вечер времето се менува; пред Господа сѐ брзо одминува.

27Изреки 28,14Мудриот човек во сѐ претпазлив ќе биде; во деновите на гревови од безгрижност ќе се пази.

28Секој којшто е разумен, мудроста ја препознава и ќе го почитува оној што ја придобил.

293,29; 50,27Оние што ги сфаќаат мудрите збо­рови, и сами стануваат мудри; па и дру­гите со мудроста ги опсипуваат.

Биди сам свој господар

30Не оди по твоите страсти, скратувај ги твоите грешни желби.

31Ер 20,7; Пс 43,13; Јов 12,4Ако ги задоволуваш грешните жел­би на својата душа, ќе те направи за подбив пред твоите непријатели.

32Во раскошен живот не барај радост; не приврзувај се за гозби срамни.

335 Мојс 21,20; Изреки 23,20-21Гледај да не осиромашиш, гостејќи се со позајмени пари – кога ништо немаш во твоето ќесе.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help