Езекил 31 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Египет спореден со кедрово дрво

1 Дан 4 Во единаесеттата година, третиот месец, на првиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, кажи му на фараонот, египетскиот цар, и на народот негов – со кого се споредуваш ти во твоето величие?

3Ете, Ашур беше кедар леванонски со убави гранки, искитен и висок; врвот негов – меѓу густи облаци.

4Водите го хранеа да расте, бездната го издигаше, реките нејзини го опкружуваа неговиот корен и ги ширеа потоците свои кон сите полски дрвја.

5Затоа височината негова ги надми­ну­ваше висините на сите полски дрвја; на него имаше многу гранки; ветките му се умножуваа и гранките стануваа долги од многу вода кога растеше.

6Мт 13,32Во неговите гранки секакви небески птици си правеа гнезда, а под гран­чи­ња­та негови се раѓаа мали од секаков вид полски ѕверови, додека под сенката не­гова живееја многубројни народи.

7Тој се разубавуваше со својот висок раст, со долгите гранки, затоа што ко­ренот му се наоѓаше покрај големи во­ди.

81 Мојс 2,8-9Ни кедрите во Божјата градина не му беа рамни; кипарисите не се изедна­чуваа со неговите гранки, и јаворите не беа толку високи колку неговите врво­ви; ниедно дрво во Божјата градина не можеше да се споредува со него по уба­вината своја.

9Јас го украсив со многуте гранки, така што сите едемски дрвја во Божјата градина му завидуваа.“

10Затоа, така вели Господ Бог: „Би­дејќи израсна висок и се издигна врвот негов меѓу дебелите гранки, и срцето му се возгордеа од неговата големина,

11затоа јас го предадов во рацете на најмоќниот меѓу народите; тој постапи со него како што требаше да постапи; но поради неговото беззаконие Јас го отфрлив.

12И го исекоа туѓинците, најлути меѓу народите, па го соборија; гранките негови паѓаа по горите и по сите долини, се кршеа неговите гранчиња по сите полиња, а од неговата сенка избегаа си­те народи од земјата и го оставија.

13На неговото паднато стебло се сместија многу небески птици, а меѓу гранките – секакви полски животни.

14Мт 11,23Тоа сѐ стана, за да не се гордеат со својот висок раст никакви дрвја покрај водите, да не ги издигаат врвовите свои до густите облаци и да не се допираат до него со нивната височина дрвја што пијат многу вода; зашто сите тие ќе бидат предадени на смрт, во подземниот свет заедно со синовите човечки, што порано слегнале во гроб.“

1532,7Вака вели Господ Бог: „Во оној ден, кога тој слезе во гроб, Јас направив да жалат за него, ја затворив бездната по­ради него и ги запрев реките нејзини, ги задржав големите води и го нажалив за него Ливан, и сите полски дрвја тагуваа по него.

16Се затресоа од неговото паѓање. Јас ги доведов народите во трепет, кога го кутнаа во пеколот, при оние што порано слегнале во гроб, и се зарадуваа во адот сите дрвја едемски, одбраните и најдобрите на Ливан, сите што пијат во­да;

17зашто и тие слегоа со него во без­дната при убиените со меч, како и не­го­вите сојузници што живееја под сенката негова меѓу народите.

18Па така со кое ли од едемските дрв­ја се споредуваш ти по слава и вели­чи­на? Но, сега заедно со едемските дрвја и ти ќе бидеш соборен во бездната, ќе ле­жиш со необрезаните, меѓу убиени од меч. Тоа е фараонот и сиот негов мно­губроен народ“, вели Господ Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help