1Проговори Софар од Ноема и рече:
2„Размислувањата мои ме поттикнуваат да одговарам, брзам да ги искажам.
318,3Срамен прекор чув за мене, но духот на мојот разум ќе одговори за мене.
4Пс 37; 73Зар не знаеш ти дека е тоа од памтивека, – откога е човекот поставен на земјата,
5дека веселбата на беззакониците е краткотрајна, и радоста на безбожниот е за миг?
61 Мојс 11,4; Ис 14,13-14И до небесата да се издигне величието негово, и до облаците да се допира главата негова, –
7тој засекогаш ќе пропадне, како и гадотиите негови; оние што го виделе, ќе кажат: – каде е тој?
8Ис 29,8; Пс 72,20; Мудр 5,14Како сон ќе одлета, и нема да го најдат; како ноќно привидение ќе исчезне.
9Кое око го видело, повеќе нема да го види, и местото негово повеќе нема да го забележи.
1027,17Синовите негови ќе им се умилкуваат на сиромасите, и рацете негови ќе го вратат она што го ограбил.
1117,16; 21,24Коските негови се полни со гревови на младините негови, со него ќе легнат тие во земјата.
12Изреки 20,17Ако злото е слатко во устата негова, и тој го крие под јазикот свој,
13го чува и не го фрла, туку го држи во устата своја;
14сепак таа храна во утробата негова, внатре во него, ќе се претвори во змиски отров.
15Ќе го изблуе доброто што го голтнал: Бог ќе го исфрли од стомакот негов.
165 Мојс 32,33; Пс 57,4Змиски отров ќе шмука тој; јазикот на змијата ќе го умртви.
1729,6Нема да види потоци и реки од мед и млеко.
18Спечаленото со труд ќе го врати, нема да го изеде; според имотот негов ќе стане и плаќањето негово; и тој нема да се зарадува.
19Зашто притеснуваше и прогонуваше сиромаси; заграбуваше куќи што не ги градел;
20Проп 5,9не знаеше ситост во стомакот свој, и во жедта своја ништо не штедеше.
21Ништо не се откинуваше од лакомоста негова, затоа и радоста негова нема долго да потрае.
22При полно изобилство, тесно ќе му биде; рацете на сиромасите ќе се кренат врз него.
23Кога има со што да го наполни стомакот негов, Тој ќе ја испрати врз него јароста на Својот гнев и ќе истури како дожд врз него болести во телото негово.
245 Мојс 32,41-42; Амос 5,19; Мудр 5,17-23Ќе избега ли од железното оружје, – бакарен лак ќе го прободе.
2515,21; 18,14; 27,20; Пс 87,15-16Ќе ја извлече тој стрелата од грбот свој, низ жолчката му ќе помине со својот блескав врв.
2615,34Сѐ што е мрачно се крие во него; го гори оган, од никого нераздуван; ќе изгори сѐ под шаторот негов.
27Небото ќе го открие неговото зло, а и земјата ќе се крене против него.
28Ис 24,18; Соф 1,18; Изреки 11,4Ќе исчезне богатството на куќата негова; сѐ ќе се растури во денот на гневот Божји.
2927,13; Откр 21,8Тоа е делот од Бога за беззакониот човек и наследство, определено за него од Седржителот!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.