1Слово Господово до Еремија:
2Чујте ги зборовите на овој завет и кажете им на луѓето од Јудеја и на ерусалимските жители;
35 Мојс 27,26; Гал 3,10и речи им: вака вели Господ, Бог Израилев – проклет да е оној човек кој нема да ги послуша зборовите на овој завет,
47,23; 24,7; Јн 10,27; 5 Мојс 4,20; 7,6; Ез 14,11што им ги заповедав Јас на предците ваши, кога ги изведов од египетската земја, од железната печка, велејќи: чујте го гласот Мој и правете што ќе ви заповедам – па ќе бидете Мој народ, и Јас ќе бидам ваш Бог,
55 Мојс 11,8-9; Пс 104,8-11за да се исполни клетвата, со која им се заколнав на предците ваши – да им дадам земја, каде што тече мед и млеко, како што е сега. Па одговорив и реков: така нека биде, Господи!
6И ми рече Господ: објави ги сите овие зборови по градовите на Јуда и по ерусалимските улици, и речи: слушајте ги зборовите на овој завет и исполнувајте ги.
7Зашто Јас постојано им напомнував на предците ваши од оној ден, кога ги изведов од египетската земја, па сѐ до денес; и им зборував од рано утро, велејќи: слушајте го гласот Мој.
8Но тие не слушаа и не внимаваа, туку одеа секој според тврдокорноста на своето лошо срце; затоа испратив врз нив сѐ што е речено во овој завет, кој им го заповедав да го исполнуваат, но тие не го исполнуваа.
9И ми рече Господ: има бунт меѓу луѓето на Јуда и жителите на Ерусалим;
10тие се вратија кон беззаконијата на своите прадедовци, кои се откажаа да ги слушаат зборовите Мои, па тргнаа по туѓи богови, за да им служат. Домот на Јуда и домот на Израил го нарушија Мојот завет, што го бев склучил со татковците нивни.
1119,3; 3 Цар 14,10Затоа вака вели Господ: еве, ќе испратам врз нив зло, од кое не ќе можат да се избават, и кога ќе повикаат кон Мене, нема да ги чујам.
12Тогаш градовите на Јуда и жителите на Ерусалим ќе појдат и ќе повикаат кон боговите, на кои им кадат; но тие нема да им помогнат во времето на неволјата.
13Зашто, коку градови имаш, Јудо, толку имаш и богови, и колку улици има во Ерусалим, толку жртвеници подигнавте на она што е срамно, жртвеници за кадење на Ваал.
147,16; 14,11; 2 Мојс 32,10Но ти немој да молиш за тој народ и не упатувај за нив молитви и молби; бидејќи нема да ги чујам, кога во неволјата своја ќе повикаат кон Мене.
157,11; Ис 1,12Што бара Мојата сакана во домот Мој, кога извршува многу срамни работи? Зар жртвуваното месо ќе ти помогне? Зар со тоа ќе се фалиш?
16Ос 14,7; Пс 51,8Зелена маслина те нарече Господ, која се украсува со убави плодови. А сега, при шумот на големиот смут, Тој запали оган околу неа и гранките нејзини изгореа.
17Господ Саваот, Кој те посади, пресуди за тебе зло поради злото на домот Израилев и на домот Јудин, што го направија со тоа што Ме разгневија со кадењето свое на Ваал.
Заговор против Еремија18Господ ми откри, и јас знам; ти ми ги покажа нивните зли дела.
19Ис 53,7; Пс 108,13; Сир 41,11Јас, пак, како кротко јагне, водено на клање, и не знаев дека тие смислуваат заговор против мене, велејќи: „Да го уништиме дрвото сосе плодот, и да го истргнеме од земјата на живите, така што ни името негово веќе да не се споменува.“
201 Птр 2,23; 1 Сол 2,4; Откр 2,23Но Ти, Господи Саваоте, праведен Судијо, Кој ги испитуваш срцата и утробите, допушти да ја видам Твојата одмазда врз нив, бидејќи Тебе ти го доверив своето дело!
21Затоа така вели Господ, за луѓето од Анатот, кои сакаат да ја одземат душата твоја и кои велат: не пророкувај во името на Господ, за да не умреш од рацете наши;
22поради тоа вака вели Господ Саваот: еве, Јас ќе ги посетам; младите нивни ќе умрат од меч; синовите и ќерките нивни ќе умрат од глад.
239,9; 36,29И нема ништо да остане од нив, зашто ќе испратам зло врз анатотците во годината, кога ќе ги посетам.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.