Исаија 57 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Мир на праведниците и во смртта; немир на грешниците

1 Мих 7,2; Пс 11,1; Мудр 4,11 Праведниот умира и никој не се загрижува; и благочестиви луѓе се земаат и никој не помислува дека праведникот од зло се оттргнува.

2Мудр 3,3Тој оди во мир; оние што одат по правиот пат, ќе почиваат на леглата свои.

Осуда на идолопоклонството

3 Ез 16; Ос 2,2; Мал 3,5 Но приближете се вие тука, синови на врачеви, семе на прељубодеец и блудница!

437,23; Пс 34,21Со кого се подбивате? Против кого отворате уста и го покажувате јазикот? Не сте ли деца на гревот, семе на лагата,

53 Мојс 18,21; 5 Мојс 12,2.31; Ер 2,20; Ез 6,13; 16,20-21кои сте запалени од похотта кон идо­ли под секое гранчесто дрво, кои колете деца покрај потоци, меѓу пукнатини на карпи?

64 Цар 17,10-11; Пс 15,5Во мазните камења на потоците е твојот дел; тие, тие се твоја ждрепка, ним им правиш ти прелив и им принесу­ваш жртва: можам ли Јас да бидам од тоа задоволен?

75 Мојс 23,18; Ез 16,31На висока и голема планина го пос­тавуваш леглото свое, и таму се ка­чу­ваш да принесуваш жртва.

857,11; Ез 16,15Зад вратата и зад довратниците ги ставаш твоите спомени; зашто, кога ќе се одвратиш од Мене, ти се разголуваш и се качуваш; го прошируваш леглото свое и се договараш со оние од нив, со кои сакаш да лежиш и го погледнуваш местото.

93 Мојс 20,5; Ер 32,35; Ез 23,16; Мих 6,7Ти си одела и кај царот со миризливо масло и си ги умножувала твоите ми­риси, и далеку си ги испраќала своите гласници и си ги струполила до пеко­лот.

1047,12; Ер 2,25Од долгото скитање ти си папсана, но не рече: „Надежта е изгубена!“ Сѐ уште си наоѓаш нова сила и затоа не почувствува слабост.

1142,14; 51,12-13; Пс 49,21А од кого се уплаши и застраши, па стана неверна и престана да Ме помниш и пазиш во срцето свое? Не е ли затоа што Јас молчев, што молчев долго, та ти престана да се плашиш од Мене?

1244,9Ќе ја објавам твојата правда и тво­ите дела, и тие нема да бидат во твоја полза.

1356,7; 60,21; 65,9; Пс 36,9-34Кога ќе повикаш, ќе те спасат ли идолите што си ги собрала? – Сето тоа ветрот ќе го однесе, ќе го развее; а кој се надева на Мене, ќе ја наследи земјата и ќе ја владее Мојата света гора.

Помош за беспомошните

14 11,16; 40,3; 62,10; Пс 67,4 Ќе се рече: „Срамнете, рамнете, из­рамнете го патот, отстранете ги преч­ките од патот на Мојот народ.“

156,1; 53,5; 3 Мојс 17,1; Пс 21,3; 50,19; 112,5-6; 137,6Зашто вака вели Високиот и Воз­ви­шениот, вечно Живиот, Чие име е Све­тец: „Јас живеам на небесната височина и во светилиштето, но Јас сум и со оние што имаат скршено срце и понизен дух, за да го оживувам духот на понижените и да ги оживувам срцата на поразените.

1664,8; Ер 3,5.12; Пс 102,9; 130,3Зашто нема вечно да се заканувам, ниту докрај да се гневам; инаку ќе пад­не пред Мене секој дух и секоја душа што сум ги создал.

1754,8; 56,11; 64,6; 5 Мојс 31,17; Ер 3,14-22Заради нивното грешно лукавство, Јас се разгневив и ги биев, се криев и се лутав; но тие продолжуваа да си се вра­ќаат на своите патишта.

1860,20; 61,2-3; 2 Мојс 15,26; Ер 3,22; Ос 6,1Ги видов патиштата нивни, но ќе ги излекувам, ќе ги водам и ќе ги уте­шу­вам, нив и оние што ги жалат.

1927,5; Дела 2,39; Ефес 2,13-17Јас ќе го исполнам словото: мир, мир на далечен и на ближен“ – вели Господ, „И ќе го излекувам.“

20Ер 49,23; Јуда 1,13А нечесните се како разбрането мо­ре, кое не може да се смири, и чии води исфрлаат тиња и кал.

2148,22Нема мир за грешниците, вели Гос­под Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help