1 88,11; 1 Кор 10,26 Господова е земјата и сѐ што ја исполнува, вселената и оние што живеат во неа,
245,2; 74,3; 103,5; Јов 38,4-6зашто Тој ја основа врз морињата, и на реки ја утврди.
314,1-5Кој може да излезе на гората Господова и кој ќе застане на Неговото свето место?
425,6; Мт 5,8Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не си ја продава душата своја на лажни работи и не се заколнува лажно.
5Тој ќе добие благослов од Господ и награда од Бога, Својот Спасител.
6Таков е родот на оние што Го бараат Него, кои Го бараат Бог Јаковов!
7117,19-20; 2 Цар 6,12-16; Ез 44,2; Мал 3,1Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подигнати вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата!
8Кој е тој Цар на славата? – Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ.
9Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подигнати вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата!
102 Мојс 24,16Кој е Царот на славата? – Господ над војските – Тој е Цар на славата!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
