1Тогаш Мојсеј со старешините (на синовите) израилски му заповеда на народот, велејќи: „Пазете ги сите заповеди, што денес ви ги давам.
2И кога во оној ден ќе го минете Јордан и дојдете во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, како дел, постави си големи камења и обели ги со вар;
3Ис.Н. 8,32и напиши ги на (тие камења) сите зборови од твојот закон, штом ќе го преминеш (Јордан), за да влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, во земјата, каде што тече мед и млеко, како што им беше говорел Господ, твојот Бог, на твоите предци.
4Кога ќе го преминете Јордан, поставете ги тие камења, како што ви заповедам денес, на планината Евал и обелете ги со вар;
52 Мојс 20,25и изгради таму жртвеник на Господ, твојот Бог, жртвеник од камења; да не ставаш на нив железо;
6жртвеникот на Господ, твојот Бог, изгради го од цели камења и принесувај врз него сепаленици на Господ, твојот Бог;
7принесувај и жртви за мир, и јади (и наситувај се) таму, и весели се пред Господ, твојот Бог;
81,5и врз тие камења напиши го многу јасно целиот овој закон.“
96,4Тогаш Мојсеј со свештениците левити му рече на целиот Израил, велејќи: „Внимавај и слушај, Израиле: ти денес стана народ на Господ, твојот Бог.
10И така, слушај го гласот на Господ, твојот Бог, и извршувај ги сите Неговите заповеди и наредби, што ти ги заповедам денес.“
11И во тој ден му заповеда Мојсеј на народот, велејќи:
12„Кога ќе го минете Јордан, овие племиња треба да застанат на планината Гаризим, за да го благословат народот: Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Јосиф и Венијамин;
13а на планината Евал да застанат за да искажат проклетство овие: Рувим, Гад, Завулон, Дан и Нефталим.
Дванаесетте проклетства14Левитите да го известат народот и да им кажат на сите Израилци со висок глас:
157,25; 2 Мојс 20,4‚проклет да е оној човек, кој ќе направи изрезан или излиен идол, одвратност пред Господ, работа на уметнички раце, па го стави на скришно место! Целиот народ да извика и да рече: амин!
162 Мојс 21,17; 3 Мојс 20,9Проклет да е оној, што го навредува таткото свој или мајката своја! И целиот народ да каже: амин!
1719,14Проклет да е оној, кој ја поместува меѓата на ближниот свој! И целиот народ нека рече: амин!
18Проклет да е оној, кој отстранува слеп човек од патот! И целиот народ нека каже: амин!
1916,19Проклет да е оној, кој криво суди дојденец, сирак или вдовица! И целиот народ нека рече: амин!
2023,1; 3 Мојс 18,8Проклет да е оној, кој ќе легне со жената на својот татко, зашто тој го открил крајот од покривката на таткото свој! И целиот народ да каже: амин!
212 Мојс 22,18Проклет да е оној, кој ќе легне со каков и да било добиток! И сиот народ нека рече: амин!
223 Мојс 18,9Проклет да е оној, кој ќе легне со сестрата своја, со татковата ќерка или со мајкината ќерка! И целиот народ да каже: амин!
233 Мојс 18,17Проклет да е оној, кој ќе легне со тештата своја! И целиот народ нека рече: амин! (Проклет да е оној што ќе легне со сестрата на тештата своја! И целиот народ да каже: амин!)
24Проклет да е оној, кој ќе го убие тајно ближниот свој! И целиот народ да каже: амин!
2510,17; Мт 27,4Проклет да е оној, кој зема поткуп, за да погуби душа и да пролее невина крв! И целиот народ нека рече: амин!
264 Цар 23,24; Јн 7,49; 2 Кор 3,9; Гал 3,10.13Проклет да е секој, кој не ќе ги исполни сите наредби од овој закон и не ќе постапи според нив! И целиот народ да каже: амин!‘“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.