1 3 Мојс 24,2-4 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2„Јави му на Арон и кажи му: ‚кога ги палиш кандилцата, отспреди на светилникот треба да горат седум кандилца.‘“
3Арон така и направи: отспреди на светилникот ги запали кандилцата негови, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
42 Мојс 25,9И еве како е направен светилникот: искован е од злато – од стеблото негово до цветовите негови сѐ е од ковано злато; според образецот, што Господ му го беше покажал на Мојсеј.
Посветување на левитите5И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
63,5-13; 3 Мојс 22,2; Ис 1,16; 52,11„Земи ги левитите меѓу синовите израилски и очисти ги.
71 Мојс 35,2; 3 Мојс 14,8-9; 5 Мојс 21,12; Ез 36,25А за да ги очистиш, постапи со нив вака: пороси ги со вода за очистување, и нека го избричат со брич целото тело свое и да ги исперат алиштата свои, па ќе бидат чисти.
83 Мојс 2,1; 4,3И да земат еден јунец и заедно со него и лебен принос од пченично брашно, измешано со масло, и друг јунец – жртва за грев.
92 Мојс 40,12; 3 Мојс 8,3И доведи ги левитите пред скинијата на собранието и собери го целото општество на синовите израилски;
103 Мојс 3,2; Дела 6,6доведи ги левитите нивни пред Господ, а синовите на Израил нека ги стават рацете свои врз левитите.
113,6-8; 2 Мојс 29,24Арон, пак, да го изврши над левитите посветувањето нивно пред Господ во име на синовите израилски за да Му служат на Господ;
122 Мојс 29,10.36; 3 Мојс 4,3а левитите да ги ставаат рацете свои врз главите на јунците, и едниот да го принесат како жртва за грев, а другиот за сепаленица на Господ, за да им се простат гревовите на левитите.
13Потоа постави ги левитите пред Арон и пред синовите негови и изврши го над нив посветувањето во Господ;
14така оддели ги левитите од синовите израилски, па левитите да бидат Мои.
15Потоа левитите, откако ќе ги очистиш и ќе го извршиш над нив посветувањето нивно, да влезат да служат во скинијата на собранието; зашто тие Ми се дадени меѓу синовите израилски;
163,12-13бидејќи место сите првородени од синовите израилски, кои отвораат утроба, Јас ги зедов за Себе.
172 Мојс 4,23; 13,2-11; 22,29Зашто Мои се сите првородени кај синовите израилски, од човек до добиток: во оној ден, кога Јас ги убив сите првородени во египетската земја, Јас ги осветив за Себе,
18и ги зедов левитите место сите првородени кај синовите на Израил.
193,41Меѓу синовите израилски левитите му ги предадов на Арон а на синовите негови, за да служат место синовите израилски при скинијата на собранието и да внимаваат на синовите на Израил да не им се случи зло, ако се доближат до светилиштето.“
20Така и постапија со левитите Мојсеј и Арон и целото општество на синовите израилски; како што му заповеда Господ на Мојсеј за левитите, така и постапија со нив синовите на Израил.
211 Мојс 35,2И левитите откако се очистија и ги испраа облеките свои, Арон изврши над нив посветување пред Господ и ги очисти, и се помоли за нив за да бидат чисти.
22Потоа левитите влегоа да служат во скинијата на собранието пред Арон и пред синовите негови. Како што му заповеда Господ на Мојсеј за левитите, така и постапија со нив.
23И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
242 Мојс 38,21; 1 Лет 23,3„Еве го законот за левитите: од дваесет и пет години нагоре да стапуваат на служба при скинијата на собранието,
254,3а од педесет години натаму да престанат да служат и повеќе да не работат;
26а тогаш тие нека им помагаат на браќата свои да чуваат стража при скинијата на собранието, но служба да не служат. Така постапувај со левитите, што се однесува до службата нивна.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.