1Чуј ги, Господи, зборовите мои, разбери ги воздишките мои.
216,1; 53,3; 83,8; 85,6; 139,1Чуј го гласот на мојот повик, Царе мој и Боже Мој, зашто Тебе Ти се молам!
383,3Наутро го слушаш гласот мој, наутро застанувам пред Тебе и чекам.
4Зашто Ти си Бог, Кој не сака беззаконија; за лошиот нема место кај тебе:
5безбожниците нема да опстојат пред очите Твои; Ти ги мразиш сите што вршат неправда.
6Ти ги уништуваш сите лажливци; од крвопиец и лукав Господ се гнаси.
754,23А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот храм и ќе паднам ничкум пред Твоето светилиште, со почит кон Тебе.
841,2; 65,13; 137,2; 3 Цар 8,44-48; Дан 6,10Господи, води ме во Твојата правда, поради непријателите мои, патот Твој пред мене порамни го.
922,3; 26,11; Ис 26,7; 44,12; Изреки 3,6Зашто во устата нивна нема вистина; во срцето им е измама; грлото им е отворен гроб; на јазикот, пак, ласкање.
1013,3; 35,3; Ис 59,3; Рим 3,13Казни ги, Боже, нека пропаднат од сопствените совети; поради многуте нечесни работи отфрли ги, бидејќи се кренаа против Тебе.
11Па нека се зарадуваат сите, кои прибегнуваат кај Тебе: вечно нека се радуваат. Закрили ги, нека се радуваат во Тебе оние, што го сакаат името Твое.
1263,10; 68,36; 118,132Зашто Ти, Господи, го благословуваш праведниот и со милоста Своја го закрилуваш, како со штит.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
