1Господи, Оче небесни и Господаре на мојот живот, не оставај ме на нивната волја, не оставај поради нив да пропаднам.
2Пс 140,5Кој ќе им биде камшик на моите мисли и на срцето мое – учител за мудрост, та да биде немилосрден спрема моите постапки и да нема милост кон нивните заблуди;
3та гревовите мои да не се намножуваат, и заблудите мои да не станат многу, та да паднам пред моите противници и да се радуваат моите непријатели.
41 Мојс 39,7; Пс 130,1; Јов 31,1; Мт 5,28Господи, Оче и Боже на животот мој, не давај очите мои да се возгордеат,
5отстрани ги од мене сите грешни желби.
6Желбите на стомакот и на сладострастите да не надвладеат над мене, на душа бесрамна не предавај ме.
Да се биде господар над сопствените зборови: а) Клетвите7 Јк 3,1-12 Чујте, чеда, за устата поука: кој ја пази – нема преку неа да биде уловен.
8Грешникот преку неа ќе биде уловен; преку неа ќе се сопнат неразумните и горделивите.
9Мт 5,34; 23,20; Јк 5,12Не навикнувај ја устата твоја на клетва. Колнејќи се, не изговарај го името на Светиот.
1042,5; Лк 12,47-48Како што робот кога постојано го казнуваат, од рани не се ослободува, така и оној што постојано се заколнува со името на Светиот, од грев нема да се очисти.
113 Мојс 5,17-18; 4 Мојс 15,28; Изреки 6,19; 24,28Човек којшто често се колне, со беззаконие се исполнува; од домот негов бичот не отстапува.
12Ако згреши, гревот негов останува врз него; а ако, пак, не се грижи, двојно согрешува.
13Ефес 5,4Ако напразно се колнел, нема да му се прости; полн со неволји домот ќе му биде.
б) говорот14 Ер 20,14; Јов 3,3 Има говор сличен на смрт; него да го нема во наследството на Јаков!
15Сето тоа далеку да биде од побожните луѓе, за да не се валкаат во своите гревови.
16На одвратна бесрамност не учи ја устата твоја, зашто во неа ќе има грешни зборови.
17Изреки 9,16-17Кога седиш меѓу големци, спомнувај си за татко си и мајка си,
18Јов 24,15та да не се заборавиш пред нив и неволно да направиш глупост, па да посакаш да не си се родил и да го проколнуваш денот на твоето раѓање.
1915,18-19; 17,19-20; Изреки 5,21; 15,3.11Оној што ќе се навикне на срамни зборови, нема да се поправи додека е жив.
Сексуалната распуштеност а) Развратен човек20 Пс 138,1-12; Изреки 8,22 Две работи гревовите ги намножуваат, а третата предизвикува гнев.
213 Мојс 20,10; Ез 16,40Жешката душа како оган гори; нема да се смири додека не изгори:
22Оној што блудствува во своето тело, нема да престане сѐ додека огнот не прегори.
232 Мојс 20,14; 5 Мојс 5,18На блудникот секоја храна му е вкусна; сѐ додека не умре – нема да престане.
245 Мојс 23,1Оној што прељуба прави, во себеси вели: „Кој ќе ме види:
25Мудр 3,16; 4,3наоколу темнина, ѕидовите ме сокриваат; никој не ме гледа. Од што ќе се плашам? Севишниот нема да се сети за моите гревови.“
26Изреки 10,7Само од човечки очи тој има страв,
2746,10; Проп 12,13а не знае дека очите на Господа десет илјади пати се посветли од сонцето:
28ги гледаат сите човечки патишта, во сите скришни места проникнуваат.
29Нему Му е познато сѐ пред да биде создадено, како и по создавањето.
30Таквиот човек казна ќе го стаса на градските улици, таму каде што и не помислувал.
б) жена прељубница31Така и жена, која го оставила мажот свој и од туѓ маж наследник му родила,
32прво, затоа што не го послушала законот на Севишниот, второ, што на мажот свој му згрешила и, трето, што со прељуба се извалкала и со туѓ маж деца изродила;
33таа пред собир народен ќе биде изведена и за децата нејзини ќе биде испрашувана.
34Децата нејзини корен нема да пуштат, гранките нејзини не ќе дадат плод.
35По себе ќе остави спомен на проклетство; срамот нејзин нема да се избрише.
36Ќе разберат сите што ќе останат по неа дека од стравот Господов ништо подобро нема и ништо послатко од извршувањето на Божјите заповеди.
37(Голема слава е – да се оди по Господа, а кога си примен од Него – долг живот ќе имаш.)
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.