1 44,1 Пастиру Израилев, послушај! Ти, Кој го водиш Јосиф како стадо, Кој седиш на херувимите, заблескај!
217,10; 2 Мојс 25,18; 1 Цар 4,4; Ез 34,11Пред Ефрем, Венијамин и Манасија издигни ја силата Своја и дојди да нѐ спасиш.
3Боже, поврати нѐ; нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме!
44,6; 66,1; 4 Мојс 6,25; Дан 9,17Господи, Боже на силите, до кога ќе бидеш гневен на молитвата од слугите Твои?
543,23; 73,1Ќе ги храниш ли со леб од солзи, и напојуваш со солзи изобилно?
641,3Нѐ направи показ за кавги меѓу нашите соседи, и нашите непријатели ни се смеат.
778,4Господи, Боже на силите, поврати нѐ! Нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме!
8Ти ја пренесе од Египет лозата, ги изгони народите и ја посади;
9Ис 5,1-7; 26,2-5; Ер 2,21; 11,9; Ос 10,1; Мт 21,33-41; Јн 15,1-6исчисти за неа место, и ги зацврсти корењата нејзини, и таа ја исполни земјата.
10Горите се покрија од сенката нејзина, и гранките ѝ се како кедрови моќни;
11таа пушти гранки до морето и ластари до реката.
12Зошто ја сруши нејзината ограда, па да ја берат сите, што минуваат по патот?
13Ер 12,7-13Горскиот вепар ја подгризува, и полската ѕверка ја јаде.
14Боже на силите! Сврти се, погледај од небесата и види го и посети го ова лозје;
15и утврди го она што го посади десницата Твоја; погледај и на синот, што си го одгледал за Себе.
16Тоа е со оган обгорено и раскопано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат!
17Твојата десница нека биде над човекот на Твојата десница, синот, кого си го одгледал за Себе.
18А ние нема да отстапиме од Тебе; оживеј нѐ, и ние ќе го призиваме Твоето име.
19Господи, Боже на силите, поврати нѐ; нека свети лицето Твое, и ние ќе се спасиме!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
