Римјаните 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ослободување преку Светиот Дух

1И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос и жи­веат не по телото, а по Духот.

26,14.18; 2 Кор 3,17Зашто законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.

3Дела 13,38-39; 15,10; 2 Кор 5,21; Гал 3,13; Фил 2,7; Евр 2,17; 7,18Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото,

43,31; Гал 5,16.25за да се исполни заповедта на За­ко­нот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.

5Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното.

66,21-22; 7,5; 8,13; Гал 6,8Копнежот на телото е смрт, а коп­не­жот на духот – живот и мир.

7Јк 4,4Зашто копнежот на телото е непријателство против Бога, тој не му се под­редува на законот Божји затоа што не може.

81 Јн 2,15-16А оние, кои живеат по телото, не можат да Му се допаднат на Бога.

91 Кор 3,16; 2 Тим 1,14Вие живеете не по тело, туку по Дух, само тогаш ако Духот Божји жи­вее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов.

10Гал 2,20Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста.

111 Кор 6,14; 2 Кор 4,14Но ако Духот на Оној Кој Го воскресна Исус од мртвите живее во вас, тогаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.

12И затоа, браќа, ние не сме му должници на телото за да живееме по телото;

13Гал 6,8бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото, ќе бидете живи.

14Гал 5,18Сите оние што се управуваат по Духот Божји, се синови Божји;

15Мк 14,36; Гал 4,5-7; 2 Тим 1,7зашто вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв, туку Го при­мивте Духот на посинувањето, преку Кого велиме: „Ава, Оче!“

16Самиот Дух му сведочи на нашиот дух дека ние сме чеда Божји.

17Лк 24,26; Гал 4,7; 2 Тим 2,12; 1 Птр 4,13; Откр 21,7А ако сме, пак, чеда, ние сме и нас­ледници: наследници на Бога и сонаследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прос­лавиме.

Славата што треба да дојде

18 2 Кор 4,17 Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.

191 Птр 1,7.13; 1 Јн 3,2И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Бож­ји,

20Проп 1,2зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж,

21Ис 65,17; Дела 3,21; 2 Птр 3,12-13; Откр 21,1дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји.

22Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки.

232 Кор 1,22; 5,2-5; Гал 5,5; Фил 3,20-21И не само тоа, туку и ние самите, кои ги имаме првините на Духот, воз­див­нуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело.

242 Кор 5,7; Евр 11,1Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа?

25Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.

268,15; Јк 4,3.5Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Ду­хот Сам посредува за нас со неис­каж­ли­во воздивнување.

27Пс 138,1-2; Откр 2,23А Оној Кој ги истражувал срцата, знае каква е мислата на Духот, бидејќи Тој по волјата на Бога посредува за све­тиите.

28Ефес 1,11А знаеме дека на оние што Го љу­бат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро;

291 Кор 15,49; 2 Кор 3,18; Фил 3,21зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сообраз­ни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа.

302 Сол 2,13-14А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оп­равда; кои ги оправда, тие и ги прос­лави.

Величието на Божјата љубов

31 Пс 117,6 Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?

325,6-11; 1 Мојс 22,17; Јн 3,16Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ?

33Ис 50,8-9Кој ќе ги обвини избраниците Бож­ји? Бог е Тој Кој ги оправдува!

34Евр 7,25; 1 Јн 2,1Кој е тој што ќе суди? Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога и се зас­тапува за нас!

35Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или го­ло­тијата? Или погибелта? Или мечот?

36Пс 43,22; 2 Кор 4,11; 2 Тим 3,12Како што е напишано: „Заради Те­бе секогаш нѐ убиваат; нѐ сметаат како овци за клање.“

37Јн 16,33Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној Кој нѐ возљуби.

38Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни влас­ти­те, ни сегашноста, ни иднината,

39ни височината, ни длабочината, ниту, пак, кое било друго создание нема да може да нѐ оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help