Исус Навин 24 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израил одлучува да Му служи на Бога

1Тогаш Исус ги собра сите племиња Израилеви во Сихем и ги свика старешините на Израил и кнезовите негови, судиите негови и упра­вителите негови, и тие се претставија пред Господ Бог.

2И му рече Исус на целиот народ: „Вака вели Господ, Бог на Израил: вашите татковци, Тара, таткото Авраа­мов и таткото Нахоров, во старо време живееја од онаа страна на Реката и им служеа на други богови.

31 Мојс 12,1-6Но јас го зедов таткото ваш Авраам од онаа страна на Реката, го водев до земјата хананска, му го умножив семето негово и му го дадов Исак.

41 Мојс 19–26На Исак му ги дадов Јаков и Исав. На Исав му ја дадов во наследство гората Сеир; а Јаков и синовите негови влегоа во Египет (и станаа таму голем, силен и многуброен народ, и Егип­ќаните почнаа да ги притеснуваат).

52 Мојс 3,10; 4,14-16; 7,14–12,36; 17,1-13; Пс 104,26Тогаш ги испратив Мојсеј и Арон и го совладаа Египет со она што го из­вршив таму, а потоа ве изведов.

6Ги изведов татковците ваши од Еги­пет, и вие дојдовте кај Црвеното Море. Тогаш Египќаните се спуштија по тат­ковците ваши со коли и коњаници до Црвеното Море;

7но тие повикаа кон Господ, и Тој спушти густа магла меѓу нас и Егип­ќаните и го наведе на нив морето, кое и ги покри. Очите ваши видоа што на­прави Господ во египетската земја и вие останавте во пустината многу денови.

84 Мојс 21,21-35; 5 Мојс 2,26–3,11И ве воведе во земјата на Аморејците, кои живееја од онаа страна на Јордан; тие станаа против вас, но Господ ги предаде во ваши раце, и вие ја добивте како наследство земјата нивна и ги истребивте од пред лицето ваше.

94 Мојс 22–24Се крена Валак, синот на Ципор, моавскиот цар, и отиде со војска против Израил, и испрати да го повикаат Бео­ровиот син Валаам, за да ве фрли во проклетство;

10но Господ не сакаше да го послуша Валаам, – тој ве благослови, и јас ве избавив од рацете негови.

11Вие го преминавте Јордан и дојдовте во Ерихон. И почнаа да војуваат против вас жителите на Ерихон: Амо­рејците и Перизијците, Хананците и Хитијците, Гергесејците, Евејците и Јевусијците, но Господ ги предаде во ва­шите раце.

12И испрати пред вас стршели, кои ги изгонија од пред вас двајцата аморејски цареви; без твојот меч и без твојот лак.

135 Мојс 30,15-20; Пс 43,3-7; Неем 9,25И ви даде земја, за која вие не сте се труделе, и градови што не сте ги гра­деле, и вие живеете во нив; и лозја и маслини, кои не сте ги саделе, а јадете плодови.

145 Мојс 10,12; 18,13И така, имајте страхопочит кон Господ и служете Му со чистота и искреност; и отфрлете ги боговите на кои им служеа предците ваши од онаа страна на Реката и во Египет, и служете Му на Господ.

15Ако, пак, не ви е мило да Му слу­жите на Господ, одберете си сега, кому да му служите: на боговите ли, на кои им служеа предците ваши, кога беа од онаа страна на Реката, или на боговите на Аморејците, во чија земја живеете, а, пак, јас и домот мој ќе му служиме на Господ, (бидејќи Тој е свет).“

1622,29Одговори народот и рече: „Не, тоа никако! Нема да Го оставиме Господа и нема да им служиме на други богови!

17Зашто Господ е наш Бог; Тој нѐ из­веде нас и таковците наши од египетската земја, од домот на ропството, и правеше пред очите наши големи чуда и нѐ чуваше по целиот пат, по кој одев­ме, и меѓу сите народи, низ кои минувавме.

18Господ ги изгони откај нас сите народи и Аморејците, што живееја во оваа земја. Затоа и ние ќе Му служиме на Господ, бидејќи Тој е наш Бог.“

193 Мојс 11,44; 19,2; 20,26; Ис 6,3Исус му рече на народот: „Не ќе може да Му служите на Господ, зашто Тој е свет Бог, Бог ревнител; Тој нема да го истрпи беззаконието ваше и гревовите ваши.

20Ако Го оставите Бога и им служите на туѓи богови, Тој ќе испрати на вас зло и ќе ве истреби, место да ви направи добро.“

21И народот му одговори на Исус: „Не, ние ќе Му служиме на Господ.“

22Исус му рече на народот: „Сведоци ли сте вие за себе дека Го избравте Гос­пода да Му служите?“ Тие одговорија: „Сведоци сме.“

23Суд 10,16„А сега, отфрлете ги туѓите богови што се меѓу вас и свртете го срцето свое кон Господ, Израилевиот Бог.“

24Народот му рече на Исус: „На Гос­пода, нашиот Бог, ќе Му служиме и гласот Негов ќе го слушаме.“

25И тој ден Исус направи со народот завет и му даде наредби и закони во Сихем (пред скинијата на Господ, Бог Израилев).

265 Мојс 29,12-13; Неем 10,10И ги запиша Исус тие зборови во книгата на законот Божји, па зеде голем камен и го постави таму под да­бот, што е пред светилиштето Госпо­дово.

271 Мојс 31,48.52; 5 Мојс 31,26И му кажа Исус на целиот народ: „Ете, овој камен ќе ни биде сведок, бидејќи тој ги слушна сите зборови на Господ што Тој ви ги кажа денес; тој нека биде сведок против вас, ако некогаш лажете пред Господ, Вашиот Бог.“

28Суд 2,6И потоа Исус го испрати народот, секој во местото свое.

Смртта на Исус

29И Му служеше Израил на Господ во сите денови Исусови, и во сите дено­ви на старешините, кои го поминаа вре­мето со Исус и кои ги видоа сите де­ла што му ги направи на Израил.

30И по сето тоа умре Исус, синот На­винов, слугата Господов, на сто и десет години.

31И го погребаа во пределите на делот негов во Тимнат-Серах, во Еф­ремовата Гора, на север од планината Гааш.

31а (И го ставија таму со него во гробот, во кој ги погребаа камените но­жеви со кои Исус ги беше обрезал Из­раилевите синови во Гилгал, кога ги из­веде од Египет, како што му беше запо­ведал Господ; и тие се таму дури до денес).

321 Мојс 47,29-30; 50,24-25; 2 Мојс 13,19; Јн 4,5; Дела 7,16И коските на Јосиф, кои Изра­илевите синови ги изнесоа од Египет, ги погребаа во Сихем, во оној дел на полето, што Јаков го беше купил од сино­вите Аморејски, кои живееја во Сихем, за сто сребреници и му ги даде како дел на Јосиф.

33Потоа умре и Ароновиот син Елеа­зар, и го погребаа на ридот Финес, кој му беше даден на Ефремовата Гора.

34Во тој ден Израилевите синови, откако го зедоа ковчегот Божји, го но­сеа со себеси, а Финес беше свештеник место татка си Елеазар, додека не умре и го погребаа на неговиот рид.

35И синовите Израилеви отидоа секој во своето место и во својот град.

36И почнаа Израилевите синови да им служат на Аштарта и на Аштарот, богови на околните народи; и Господ ги предаде во рацете на моавскиот цар Еглон, кој владееше над нив осумнаесет години.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help