1Некој друг, подготвувајќи се да плови и да преплови бесни води, повикува на помош дрво, послабо и од бродот што го носи,
2зашто, стремежот за придобивка го измислил коработ, а градителот вешто го направил.
3Ис 43,16; Пс 76,19Но со него управува промислата Твоја, Оче, зашто Ти си го дал и патот по морето и безопасната патека по неговите бранови,
4покажувајќи дека Ти можеш да избавиш од сѐ, макар некој, и без опитност, по море да појде.
5Пс 106,29-30Ти сакаш делата на Твојата мудрост да не бидат попусто; затоа луѓето си го доверуваат животот на најмало дрво, и се избавуваат, минувајќи со гемија по брановите.
61 Мојс 6,1-5; Сир 16,7; Варух 3,26-28Зашто и во почетокот, кога беа погубувани горделивите големи јунаци, надежта на светот, водена од Твојата рака, ја засолни во брод, и му остави на светот семе за род.
7Гал 3,13-14Благословено е дрвото, преку кое се исполнува правдата!
85 Мојс 27,15А ракотвореното, тоа е проклето, а и оној што го направил – тој, затоа што го направил, а гнилежното дрво – затоа што е наречено бог.
9Бидејќи еднакво се одвратни пред Бога – и безбожникот, и неговата безбожност;
10и она што е направено и оној што го направил ќе бидат заедно казнети.
112 Мојс 12,12; Ис 2,18.20; Ер 10,11.15Затоа и за паганските идоли ќе има суд, зашто тие станаа гадотија меѓу Божјите созданија, соблазна на човечките души и стапица за нозете на неразумните.
Потеклото на идолите со човечки лик12 2 Мојс 34,16; 5 Мојс 31,16 Зашто измислувањето на идоли е почеток на блудот, а нивното откритие – изопачување на животот.
13Нив ги немало во почетокот, а и нема да ги има довека.
1414,11Тие дојдоа во светот поради човечкото славољубие, затоа им е досуден блискиот крај.
15Татко, скршен од тешка жалост поради предвреме умрен син, направил лик на своето чедо, па довчерашниот мртов човек, отпосле почнал да го почитува како бог и на своите потчинети им определи тајни обреди и жртви.
16Во текот на времето, вкоренет тој безбожен обичај бил пазен како закон, и, по заповед на властодршците, тоа што било извајано – било почитувано како божество.
17Кога луѓето не можеле, поради далечното му живеалиште, лично некого да почитуваат, тогаш правеле лик на оддалеченото лице: правеле видлив лик на починат цар, па иако неприсутен да му ласкаат како на присутен.
18А и за засилување почитувањето од страна на оние што не го познавале, помагало славољубието на уметникот,
19бидејќи тој, можеби од желба да му угоди на господарот, се трудел сличноста да ја направи што поубава;
20Дан 3,1-7а народот, восхитен од убавината на творбата, го признавал за божество оној, кој малку пред тоа бил почитуван како човек.
212 Мојс 3,14; Рим 1,24-32И тоа стана соблазна за луѓето, бидејќи тие, робувајќи ѝ на неволјата или на тиранството, му го предавале на каменот и дрвото неискажливото Божјо име.
Последиците од идолопоклонството22 12,5 А потоа, како да не им било доволно тоа што се заблудиле во знаењето за Бога, туку живеејќи во голема борба поради незнаењето, тоа големо зло уште го нарекуваат мир.
23Зашто, или ги жртвуваат децата, или скришно вршат тајни обреди, или приредуваат бесни гозби со туѓи обичаи,
24тие веќе не ја пазат ни чистотата на телото, ниту чистотата на бракот, туку еден со друг, или подмолно се убиваат, или со прељуба се осквернуваат.
25Сите нив без разлика ги надвладеале: крвнина и убиство, грабеж и подмолност, расипност, неверност, бунтови, клетвопрестапништво, разграбување имоти,
26неблагодарност, осквернување на душата, злосторство против природата на половите, неред во брачниот живот, прељубодејство и нечесен живот.
27Служењето на идоли, недостојни да се именуваат, се почеток, причина и крај на секое зло,
2814,23бидејќи оние што им служат, или во веселбите свои беснеат, или лага пророкуваат, или неправедно живеат, или брзо заклетва нарушуваат.
29Надевајќи се на мртвите идоли, не мислат дека ќе бидат казнети, зашто несправедливо се колнат.
30Но, и за едното и за другото ќе ги постигне казна: затоа што, служејќи им на идолите, го искривиле поимот за Бога и што криво се колнеле и подмолно презирале сѐ што е свето.
31Зашто не силата на оние, во кои се заколнуваат, туку судот над оние што згрешиле доаѓа веднаш по престапот на неправедните.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.