Еремија 52 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пропаста на Ерусалим

1 4 Цар 24,18-20; 2 Лет 36,11-13 Седекија беше на дваесет и една година, кога почна да царува, и царуваше во Ерусалим единаесет години; името на неговата мајка беше Ха­му­тал, ќерка на Еремија од Ливна.

222,13-17И тој вршеше зло пред очите на Гос­под, сето она што го правеше и Јоаким;

3поради тоа гневот Господов се нафрли врз Ерусалим и врз Јуда, додека ги отфрли од лицето Свое. А Седекија се одметна од вавилонскиот цар.

439,1-10; 4 Цар 25,1-21.27-30И во деветтата година од царувањето негово, во десеттиот месец, во десеттиот ден од месецот, дојде Навуходо­но­сор, вавилонскиот цар, тој и сета негова војска против Ерусалим, го опседна и подигна околу него насипи.

5И остана градот опсаден до единаесеттата година на царот Седекија.

6Во четвртиот месец, во деветтиот ден од месецот, се засили гладот во гра­дот, и народот во земјата немаше леб.

7Непријателот продре во градот и си­те војници избегаа од градот ноќе низ портите, што се наоѓаа меѓу двата ѕида до царската градина, па отидоа по патот кон долината на Јордан; а Халдејците беа околу градот.

8Но халдејската војска изврши поте­ра по царот, и го стигна Седекија во ерихонските рамнини, и сета војска не­гова се разбега од него.

9И го фатија царот и го доведоа пред вавилонскиот цар во Ривла, во земјата Хамат, каде што му беше судено.

10И така ги закла вавилонскиот цар синовите на Седекија пред очите не­го­ви, ги закла и сите кнезови јудејски во Ривла;

1132,5; Ез 12,13а на Седекија му ги извади очите и заповеда да го оковат во окови; па го одведе вавилонскиот цар во Вавилон и го стави во затвор до денот на неговата смрт.

12Во петтиот месец, во десеттиот ден од месецот, тоа беше деветнаесеттата година на вавилонскиот цар Навухо­до­носор, дојде во Ерусалим Навузардан, началникот на телохранителите, кој му слу­жеше на царот вавилонски,

1317,27; 37,8; 39,8; Ез 16,41и го запали домот Господов, цар­­­киот дом и сите куќи во Ерусалим, и си­те големи куќи со оган ги изгори.

14И сета војска халдејска, која беше со началникот на телохранителите, ги урна сите ѕидови околу Ерусалим.

15Навузардан, началникот на тело­хранителите, ги исели бедните и други­от народ, што беше останал во градот, и одметниците, што му се предадоа на ва­вилонскиот цар, и воопшто сиот прост народ.

16Само неколкумина од бедните во земјата, Навузардан, началникот на телохранителите, ги остави како лозари и земјоделци.

17Халдејците ги испокршија и брон­зе­ните столбови, што беа во домот Гос­по­дов, и подножјата, и бронзеното море, што беше во домот Господов, па го од­несоа сиот бронзен прибор во Вавилон.

18И ги зедоа котлите, лопатките, но­жевите, чашите, лажиците и сите брон­зени садови што се употребуваа при бо­гослужбата;

19началникот на телохранителите ги зеде и умивалниците, и машичките, и чашите, и котлињата, и кандилцата, и секачите, сѐ што беше од злато и што беше од сребро;

20исто така, и двата столба, едно мо­ре, дванаесет бронзени волови кои слу­жеа како подножја, што царот Соломон ги направи во домот Господов; бронзата на сите тие предмети не можеше да се процени.

21Секој од тие столбови беше висок по осумнаесет лакти, а врв од дванаесет лакти ги опкружуваше, одвнатре беше шуплив, а страните му беа дебели че­ти­ри прсти.

22И имаше над него бронзена глава, а главата беше висока пет лакти; и мре­жичката и наровите наоколу беа сите од бронза; исто така и другиот столб бе­ше со нарови.

23Наровите од сите страни беа де­ве­десет и шест; а сите нарови околу мре­жичката – сто.

24Началникот на телохранителите го зеде исто така Сераја, првосвеш­те­ни­кот, и Софонија, вториот свештеник, и трите чувари на прагот.

25А од градот зеде еден дворјанин, кој беше началник над војниците, и седум мажи, кои му служеа на царот, кои се наоѓаа во градот, и главниот писар во војската, кој го запишуваше народот од земјата за војска, како и шеесет мажи, од народот во земјата, кои се најдоа во градот.

26И ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе кај ва­ви­лонскиот цар во Ривла.

27Плач 1,3И ги уби вавилонскиот цар и ги по­губи во Ривла, во земјата Хамат; и така Јуда беше иселен од својата земја.

Поробување на Јудејците

28Еве го народот, кој Навуходоносор го исели: во седмата година – три илјади дваесет и тројца Јудејци.

29Во осумнаесеттата година на На­ву­ходоносор од Ерусалим беа иселени осумстотини триесет и две души.

30Во дваесет и третата година на Навуходоносор, Навузардан, начал­ни­кот на телохранителите, исели седум­сто­тини четириесет и пет души Јудејци; сѐ на сѐ – четири илјади и шестотини ду­ши.

Ослободување на царот Јоаким

31Во триесет и седмата година по прогонството на јудејскиот цар Јоаким, во дванаесеттиот месец, во дваесет и петтиот ден од месецот, Евил-Меродах, цар вавилонски, во првата година од своето царување, го помилува јудеј­ски­от цар Јоаким и го изведе од затвор.

32И откако пријателски си поразгова­раа, го постави престолот негов повисо­ко од престолите на другите цареви, што беа кај него во Вавилон;

33и му ги смени затворските облеки, па тој секогаш со него јадеше во сите дни од животот свој.

34И трошоците негови, разните по­треби, му се даваа од царот секој ден до денот на неговата смрт, во текот на сите денови од неговиот живот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help