1 2,21-23 Речете им на браќата свои: ‚Ами‘ и на сестрите свои ‚Рухама‘.
Најава за казна на Израил2 2,13; 4,1; 1 Мојс 38,15 Судете се со својата мајка, расправајте се; зашто таа не е Моја жена, и Јас не сум ѝ маж нејзин; нека го отфрли блудството од лицето свое и прељубодејството од градите свои, за да не ја сотрам,
3Ер 6,8; 9,11; 13,22; Ез 16,4-5; 16,39; Откр 17,16за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното раѓање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед.
41,2И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство.
55 Мојс 4,3; Ер 2,25; 3,13; 44,17; Амос 2,4Бидејќи мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше – ќе тргнам по љубовниците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, масло и пијалак.
6Ер 2,23Ете, затоа Јас ќе ѝ го препречам патот нејзин со трње и ќе ја заградам со ограда, и таа не ќе може да ги најде патеките свои;
75,15; 6,1-3; Ер 3,22; Лк 15,17-18ќе се впушти по љубовниците, но нема да ги стигне; ќе ги бара, и нема да ги најде; и ќе си рече: ќе се вратам и ќе појдам кај првиот маж; зашто тогаш ми беше подобро, отколку сега.
85 Мојс 7,13; 8,11-18; Агеј 2,8; Пс 104,15А таа не знаеше дека Јас ѝ давав жито, вино и масло и ѝ го намножував среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваал.
9Затоа ќе си го земам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ќе му дојде времето и ќе ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина.
105,14; 5 Мојс 32,39; Ез 16,37; Пс 49,22; Јн 10,29; Откр 17,16И сега ќе ја откријам срамотијата нејзина пред очите на нејзините миленици, и никој не ќе ја избави од раката Моја.
11Ис 1,13-14; Ер 7,34; Амос 5,21-23; 8,5И ќе укинам кај неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави.
12Ис 5,5-6; Пс 80,12-13И ќе ги запустам лозјата нејзини и смоквите, за кои таа беше рекла: ‚тоа ми се подароци, со кои ме даруваа љубовниците мои;‘ и Јас ќе ги опустошам, и полските животни ќе ги изедат.
13Ер 2,32И ќе ја казнам за деновите поминати во служење на Вааловците, кога им кадела и ги китела со обетки и гривни, одела по љубовниците свои, а Мене Ме заборавила, вели Господ.
Господ ќе му помогне на Израил14 13,5; Ер 20,7; Рута 2,13 Поради тоа Јас ќе ја привлечам и ќе ја одведам во пустина, па ќе му зборувам на нејзиното срце.
1511,1-3; 2 Мојс 13,17; Ис.Н. 7,24-26; Ис 65,10; Ер 2,2; Амос 5,25И ќе ѝ ја вратам лозата нејзина и долината Ахор како трем на надеж; и таму таа ќе пее како во деновите на својата младост и како во денот кога излезе од египетската земја.
16Амос 2,16И во тој ден, вели Господ, ти ќе Ми велиш – мажу Мој, и нема повеќе да Ми велиш – Ваалу Мој.
17И ќе ги отстранам од устата нејзина имињата на Вааловците, и нема повеќе да се спомнува името нивно.
181,7; 1 Мојс 9,8; Ис 2,4; Ез 34,25; Зах 9,10; Јов 5,23; Мк 1,13И во тоа време поради нив ќе склучам сојуз со животните полски, со птиците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ќе истребам од таа земја, и ќе им дозволам да живеат во мир и сигурност.
19Ис 54,5-10; Ер 31,31-33И ќе те свршам за Себе вечно, и ќе те свршам за Себе во правда и справедливост, во благослов и милосрдност.
204,1; 5,4; Изреки 2,5И ќе те свршам за Себе во верност и ти ќе Го познаеш Господа.
212,17И во тој ден Јас ќе се одзовам, вели Господ, Јас, ќе му се одзовам на Небото, а тоа ќе ѝ се одзове на Земјата,
221,4-9; 2,7.10и Земјата ќе му се одзове на житото и виното и елејот; а тие ќе ѝ се одзоват на Јизреел.
23ИЕр 7,23; Рим 9,25; 1 Птр 2,10 ќе ја посеам за Себе на земјата, и ќе ја засакам Ло-Рухама и ќе му речам на Ло-Ами: ‚Ти си Мој народ‘, а тој ќе рече: ‚Ти си мој Бог!‘“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.