1Дали навистина кажувате правда? Судите ли праведно, вие, човечки синови?
281,2; 5 Мојс 16,19; Мих 2,1Во срцето свое кроите беззаконие, вашите раце плетат насилство на Земјата.
3Се отуѓија грешниците од мајчиното крило, се заблудеа од утробата мајчина, говорејќи лага.
4Јароста им е како змиски отров, како отровот на глувата аспида, која ги затнува ушите свои,
5139,3; 5 Мојс 32,33и не го слуша гласот на бајачот, вражачот вешт во вражањето.
6Проп 10,11Бог нека им ги скрши нивните заби во устите нивни; разбиј ги, Господи, челустите лавовски!
73,7; 34,17; 56,4Нека се разлијат како вода што истекува; како изгазена трева нека се исушат!
836,2; 2 Цар 14,14; Јов 11,16; 13,11; Мудр 16,29; 17,14Како полжав што се топи да се растопат, како пометнат плод, сонце да не видат никогаш!
9Јов 3,16; Проп 6,3-4Пред котлите ваши да осетат топлина од запаленото трње, сурово или суво, виор нека ги однесе!
10Ос 13,3; Наум 1,10; Јов 21,18; 27,21Ќе се зарадува праведниот, кога ќе ја види одмаздата над безбожниците; ќе ги мие нозете свои во крвта на грешникот.
1134,27; 51,6; 67,23; 1,3; Мал 2,17; 3,17; Јов 19,29И ќе рече човекот: навистина има награда за праведниот! Навистина има Бог, Кој суди на Земјата!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
