Откровение 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Вовед

1 1,19; 22,6; Дан 2,28-29 Откровение на Исус Христос, кое Му го даде Бог, за да им го покаже на слугите Свои она што треба да стане скоро. Тој го најави тоа испраќајќи го Својот ангел на слугата Свој Јован,

21,9; 6,9; 19,10; 20,4Кој го посведочи словото Божјо и сведоштвото на Исус Христос, и сѐ што виде.

322,7.10; 2 Кор 6,2Блажен е оној кој чита и оние кои ги слушаат зборовите на ова пророштво и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.

Поздрав до седумте цркви

4 4,5.8; 11,17; 16,5; 2 Мојс 3,14; Ис 11,2 Јован – до седумте цркви, што се во Азија: благодат вам и мир од Оној, Кој е, и Кој бил, и Кој иде, и од седумте духови кои се пред Неговиот престол,

53,14; Ис 55,4; Пс 88,26-27.37; Кол 1,18и од Исус Христос, Кој е верен сведок. Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нѐ воз­љу­би и изми од нашите гревови преку Сво­јата крв

62 Мојс 19,6; Ис 61,6; 1 Птр 2,5.9и Кој нѐ направи пред Бога и Неговиот Отец царство на свештеници, слава и власт во вечни векови. Амин!

714,14; Зах 12,10; Дан 7,13; Мт 24,30; Мк 13,26; Лк 21,27; Јн 19,37Ете, иде со облаци, и ќе го види се­кое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин!

81,4; 4,8; 11,17; 15,3; 16,7.14; 19,6.15; 21,22; 22,13; 2 Мојс 3,14Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај – вели Господ, Кој е, Кој беше, и Кој иде, Седржителот.

Визија за Исус

9 2 Тим 2,12 Јас, Јован, вашиот брат и соучесник во скрбта и во царството и во трпението на Исус, бев на островот, наречен Пат­мос, заради словото Божјо и заради све­доштвото на Исус.

10Дела 20,7Во Господовиот ден бев понесен од Духот и зад себе чув силен глас како од труба,

11кој велеше: „Јас сум Алфа и Омега, првиот и последниот. Тоа што ќе го видиш, напиши го во книга и испрати го до седумте Цркви, што се во Азија: во Ефес и во Смирна, во Пергам и во Ти­атир, во Сард, во Филаделфија и во Ла­одикија!“

12И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни свеќници,

1314,14; Дан 7,9.13; 10,5-6

Ез 9,2.11; Мт 8,20а сред седумте свеќници еден, како Синот Човечки, облечен во долга облека до нозете и околу градите препашан со златен појас;

142,18главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен;

1514,2; Ез 1,24; 43,2нозете Негови – слични на усвитена бронза, како во печка вжарена, а гласот Негов – како шум од многу води.

161,20; 3,1; 2 Мојс 34,29; Ис 49,2; Евр 4,12Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; лицето Не­го­во светеше како што сонцето сјае во полна сила.

171,8; 2,8; 22,13; Ис 44,6; 48,12; Ез 1,28; Дан 8,18; 10,15.19Штом Го видов, паднав пред Не­го­вите нозе како мртов. Тој ја стави Сво­јата десна рака врз мене и ми рече: „Не плаши се! Јас сум Првиот и Последниот

182,8; Јн 5,26-28; 11,25-26; Евр 7,25и Живиот. Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови и ги имам клучевите од адот и смртта.

191,1И така напиши што виде, што е и што има да стане по тоа.

20Ова е тајната на седумте ѕвезди што ги виде во Мојата десница, а на седумте златни свеќници: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви – а седумте свеќници, што ги виде, тоа се седумте цркви.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help