Јов 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Одговор на Јов (крај): тажното човеково постоење

1„Роден од жена, човекот е кратко­вечен и презаситен од неволји:

2Ис 40,6-8; Пс 36,2; Мудр 2,1; Сир 40,1-10; 41,1-4како цвеќе никнува и бргу овенува; како сенка бега и не се запира.

3Пс 8,4; 144,3И врз него ли ги отвораш Ти очите Свои, и пред Себе на суд го водиш?

44,17; 9,30; 15,14; 25,4; Пс 50,6Кој ќе се роди чист од нечист? Ни­еден!

5Пс 143,4; Проп 6,12Па кога дните му се определени, кога бројот на месеците од Тебе зависи, ако си му определил меѓа, преку која не може да мине,

69,30-31; 15,14тогаш оддалечи се од него: нека си здивне додека како наемник не го завр­ши денот свој.

7Ис 6,13За дрвото сепак има надеж, бидејќи тоа, макар и да биде пресечено, пак ќе оживее, фиданки од него непрестајно избиваат,

8макар и да е остарен коренот негов во земјата, и пенушката да му замрела во прав,

9но штом ќе осети вода, тоа дава мла­дици и пушта фиданки, како да е одново посадено.

10Проп 3,21А човекот умира и истлејува; си оди, и каде е тој?

11Ис 19,5; 51,6; Пс 101,26Истечуваат водите од езерото, и ре­ката секнува и пресушува:

12така и човекот ќе легне и нема да стане; до свршетокот на небото нема да стане и нема да се разбуди од својот сон.

13Ис 26,20; Амос 9,2О, да беше ме сокрил и криел во пе­ко­лот, додека да мине гневот Твој, да бе­ше ми одредил рок и после да си спомнеше за мене!

147,1Кога ќе умре човек, ќе живее ли пак? Во сите денови на одреденото вре­ме би чекал додека ми дојде смената.

15Ти би викнал, и јас би Ти дал одго­вор, и Ти би покажал благоволение кон созданието на Твоите раце;

1610,6; 31,4а сега ги броиш стапките мои и го демнеш секој мој грев;

179,30-31во свиток го запечати беззаконието мое, и секоја вина моја ја запиша.

1816,12; 18,4Но планината паѓајќи се урива, и карпата се поместува од местото свое;

19водата ги излижува камењата; сли­вот го одвлекува земниот прав: така ја уништуваш Ти и надежта на човекот.

20Го притискаш докрај, и тој заминува; го менуваш лицето негово и го ис­праќаш.

2121,21На почит ли се децата негови – тој не знае; унижени ли се – тој не за­бе­ле­жува;

22но плотта на него боледува, и душа­та во него страда.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help