Јов 38 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 9,17; 40,6 Тогаш Господ му одговори на Јов од бу­рата и рече:

242,3„Кој е тој што го замрачува Прови­дението со зборови без смисла?

340,7Препашај ја сега половината своја како маж, Јас ќе те прашувам, а ти об­јаснувај Ми:

Бог, господар на природата

4 15,7; 26,7 Каде беше ти кога ги поставував ос­новите на земјата? – кажи, ако знаеш.

5Зах 1,16; 2,5Кој ѝ ги определи мерките, знаеш ли? Кој го оптегнува јажето околу неа?

6Пс 103,5; Варух 3,32Врз што се зацврстени основите неј­зини? Кој ѝ го положи аголниот камен,

7Варух 3,33-34кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост?

8Изреки 8,29Кој го затвори морето со врата, кога тоа се истргна, та излезе како од утроба;

926,8кога облаците ги направив негова облека и маглата – негова повивка;

10Пс 103,9кога му ја дадов Мојата наредба и му наместив клучалки и врата;

11кога му реков: ‚Дотука ќе дојдеш и нема да преминуваш, и тука е границата на твоите горди бранови?‘

129,7; Пс 73,16Си му давал ли ти некогаш во жи­вотот свој заповед на утрото и си ѝ го посочувал ли на зората местото нејзино,

13за да ги опфати краиштата на земја­та и да ги истресе од неа безбожниците,

14за да се измени земјата како глина под преса и да стане како разнобојна об­ле­ка,

1518,5-6да се одземе од беззакониците свет­лината нивна и да се скрши издигнатата рака нивна?

16Пс 103,10-13Си слегувал ли во длабочината мор­ска и си влегувал ли да ја испитуваш бездната?

17Пс 138,8-11; Мудр 16,13Се отворале ли пред тебе вратите на смртта; си ја видел ли ти вратата на смртната сенка?

18Ис 40,12Си ја разгледал ли ширината на земјата? Кажи го, ако го знаеш сето тоа.

19Пс 103,19-24Каде е патот кон живеалиштето на светлината и каде е местото на темнината,

20за да стигнеш до границите нејзини и да ги знаеш патеките до домот нејзин?

2115,7Ти го знаеш тоа, зошто тогаш беше веќе роден и бројот на дните твои е мошне голем!

2237,6; 2 Мојс 9,18-26; Ис.Н. 10,11; Ис 28,17; 30,30Си влегувал ли ти во местата на снегот и си ги видел ли сокровиштата на градот,

23што Јас ги чувам за смутно време, за денот на битка и војна?

242 Мојс 14,21; Пс 47,7; 139,7-9По кој пат се разлева светлината и се разнесува источниот ветар по земјата?

25Пс 64,9-10Кој ги отвора потоците за изливање на водата и патот за громоносните свет­кавици,

26за да паѓа дожд врз земјата без луѓе, врз пустината, каде што нема човек;

27за да ја заситува пустината и степата и да ги разбудува зелените 'ркулци да никнуваат?

28Пс 147,5-6Има ли дождот татко? Или кој ги раѓа капките на росата?

29Од чија утроба излегува мразот; и кој ја раѓа небеската слана?

30Водите како камен да се зацврстуваат, и површината на бездната да замрзнува.

319,9; Амос 5,8Можеш ли да го врзеш јазолот на Плејадите, да ги разврзеш врските на Орион?

32Можеш ли да ја изведуваш Деница во времето нејзино и да ја водиш Го­ле­мата Мечка со нејзините малечки?

33Ер 31,35; Пс 148,6Ги знаеш ли законите на небото, можеш ли да уредиш тоа да владее над земјата?

3436,27-28Можеш ли да го кренеш гласот свој до облаците, за да те покрие обилно во­дата?

3536,32; Варух 3,35Можеш ли да испраќаш молњи, и штом тргнат, да ти речат: ‚еве нѐ?‘

36Кој вложи мудрост во срцето, и кој му даде смисла на разумот?

3728,25-26Кој може да ги преброи облаците со својата мудрост и да ги задржи садовите од небото,

38Пс 64,10кога правот се претвора во кал и грутките се слепуваат?

Господар на животинскиот свет

39 Пс 103,21 Ти ли ловиш плен за лавицата и ги наситуваш лавчињата,

40кога тие лежат во леглата или по­чиваат под сенка во заседа?

41Пс 146,9Кој ѝ ја приготвува храната на вра­ната кога пиленцата нејзини, скитајќи без храна, викаат кон Бога?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help