1Изминаа три години, без војна меѓу Арам и Израил.
2На третата година јудејскиот цар Јосафат дојде кај израилскиот цар.
35 Мојс 4,41-43Израилскиот цар им кажа на слугите свои: „Знаете ли дека Рамот во Галаад е наш? А ние толку долго молчиме и не го земаме од рацете на арамејскиот цар.“
44 Цар 3,7И му рече на Јосафат: „Ќе појдеш ли со мене во војна против Рамот во Галаад?“ Јосафат му одговори на израилскиот цар: „Како што одиш ти, така и јас; како твојот народ, така и мојот народ; како твоите коњи, така и моите.“
Лажни пророци претскажуваат успех(2 Лет 18,4-11)5 20,14; Суд 1,1; 20,18; 1 Цар 14,37; 23,2-4; Ер 21,2 Јосафат уште му рече на израилскиот цар: „Прашај денес што ќе каже Господ.“
6Израилскиот цар ги собра тогаш пророците – околу четиристотини души – и ги праша: „Да одам ли во војна против Рамот Галаадски, или не?“ Тие одговорија: „Оди, Господ ќе го предаде во рацете на царот.“
74 Цар 3,11Јосафат праша: „Нема ли тука уште некој пророк Господов, та преку него да Го прашаме Господ?“
8Израилскиот цар му одговори на Јосафат: „Има уште еден човек, преку кого можеме да Го прашаме Господа, но јас не го сакам него, зашто не пророкува за мене добро, туку само зло, – тој е Михеј, синот на Јимла.“ Јосафат рече: „Царе не говори така.“
9Израилскиот цар повика еден дворјанин и рече: „Оди поскоро по Јимлаевиот син Михеј!“
10Израилскиот цар и Јосафат, јудејскиот цар, седеа секој на своето седиште, облечени во царска облека, на плоштадот пред портите на Самарија, и сите пророци пророкуваа пред нив.
11Ќенаановиот син Седекија си направи железни рогови и рече: „Вака вели Господ: со овие ќе ги бодеш Арамејците, додека да ги истребиш.“
12И сите пророци го пророкуваа истото, велејќи: „Оди против Рамот Галаадски; ќе има успех; Господ ќе го предаде во рацете на царот.“
Пророкот Михеј претскажува пораз(2 Лет 18,12-27)13 Ис 30,10 Гласникот, кој беше отишол да го повика Михеј, му рече: „Еве, зборовите на пророците едногласно му претскажуваат добро на царот; и твојот збор нека биде согласен со зборот на секој од нив; искажи и ти добро.“
144 Мојс 22,18Михеј одговори: „Се колнам во Господ! Ќе го кажам она што ќе ми каже Господ.“
15Кога дојде кај царот, овој го праша: „Михеј, да одиме ли во војна против Рамот Галаадски, или не?“ А тој му одговори: „Оди, ќе има успех; Господ ќе го предаде во рацете на царот.“
16Тогаш царот му рече: „Пак ли да те заколнувам да не говориш ништо, освен вистината во името на Господ?“
174 Мојс 27,17; Ер 10,21; 23,1-2; Ез 34,5-6; Мт 9,36Тој одговори: „Ги гледам сите Израилци распрснати по горите како овци, кои немаат пастир, зашто Господ рече: ‚господар немаат; секој нека се врати со мир во домот свој.‘“
18Израилскиот цар му рече на Јосафат: „Нели ти реков дека тој не пророкува добро за мене, туку само лошо?“
19Ис 6,1; Пс 10,4; Јов 1,6; Откр 4,2-4А Михеј одговори и рече: „Не така, ислушај го словото Господово; Го видов Господ како седи на Својот престол, и целата небесна војска стоеше покрај Него десно и лево;
20и Господ рече: ‚Кој ќе го наговори Ахав да оди и да падне во Рамот Галаадски?‘ И еден велеше вака, а друг инаку;
21еден дух, пак, истапи, застана пред лицето на Господ и рече: ‚јас ќе го наговорам!‘ А Господ го праша: ‚Како?‘;
22Ез 13,7; 14,9Тој одговори: ‚ќе излезам и ќе станам дух што лаже во устата на сите негови пророци.‘ Господ рече: ‚ти ќе го наговориш и ќе го исполниш тоа‘; оди и направи така.
23И, ете, Господ сега допушти лажлив дух во устата на сите тие твои пророци; но Господ искажа за тебе лошо.“
24А Ќенаановиот син Седекија се доближи, го удри Михеј по устата, и рече: „Како, зар излезе од мене Духот Господов за да говори во тебе?“
25Михеј одговори: „Ете, ти ќе го согледаш тоа во оној ден, кога ќе бегаш од една соба во друга за да се сокриеш.“
26Тогаш израилскиот цар рече: „Земете го Михеј и одведете го кај заповедникот на градот Амон и кај царскиот син Јоас.
27Ер 20,1-2; Мт 14,3; Дела 4,3; 5,18; 16,23И кажете: вака вели царот: ‚Затворете го овој во темницата и хранете го со малку леб и вода, додека не се вратам со мир.‘“
285 Мојс 18,22; Ер 28,9А Михеј рече: „Ако се вратиш со мир, тогаш Господ не зборувал преку мене.“ И рече: „Чујте, сите луѓе!“
Смртта на Ахав(2 Лет 18,28-34)29Потоа израилскиот цар и Јосафат, јудејскиот цар, тргнаа за Рамот во Галаад.
3014,2Израилскиот цар му рече на Јосафат: „Јас ќе се преоблечам и ќе влезам во борба, а ти облечи си ги царските алишта.“ И израилскиот цар се преоблече и влезе во борба.
31А арамејскиот цар им заповеда на заповедниците над колите, на број беа триесет и двајца, велејќи: „Не бијте се ниту со мал, ниту со голем, туку само со израилскиот цар.“
32Заповедниците над колите кога го видоа Јосафата, помислија, бездруго, тоа е израилскиот цар, и се свртеа против него за да се удрат со него. Но Јосафат почна да вика.
33И заповедниците на бојните коли, кога видоа дека тој не е израилскиот цар, се иставија од него.
34А еден човек случајно го запна лакот и го рани израилскиот цар низ шевовите на оклопот. А царот му рече на својот колар: „Врти назад и извади ме од војската, бидејќи сум ранет.“
35Но во тој ден борбата се засили, и царот стоеше во колата спроти Арамејците, а вечерта умре; крвта од раката се слеваше по колата.
36И кај зајдисонце беше објавено по целиот логор: секој да си оди во градот свој, секој – во земјата своја.
37Така умре царот и беше донесен во Самарија, и го погребаа царот во Самарија.
3821,19Колата ја измија на самарјанскиот извор, каде што се миеја блудниците, и кучињата ја лижеа крвта негова, според словото на Господ, што Тој го изрече.
39Другите дела на Ахав и сѐ што беше направил, и куќата од слонова коска што ја изгради, и сите градови што ги изгради, се опишани во летописите на израилските цареви.
40Ахав почина кај татковците свои, а место него стана цар синот негов Охозија.
Јосафат, цар на Јудеја(2 Лет 20,31–21,1)41Јосафат, синот на Аса, стана цар над Јудеја во четвртата година од владеењето на израилскиот цар Ахав.
42Јосафат беше на триесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, ќерка на Шилхиј.
43Во сѐ тој врвеше по патот на својот татко Аса, не се отклонуваше од него, правејќи го она што е правилно пред очите на Господ.
44Но, не ги отстрани жртвениците на идолите, и народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше на тие жртвеници.
4522,4; 4 Цар 3,7Јосафат склучи мир со израилскиот цар.
46Другите дела на Јосафат и подвизите негови што ги изврши, и како војувал, се опишани во летописите на јудејските цареви.
47И сите блудници што беа останале од времето на татко му Аса, тој ги истреби од земјата.
48Во Едом тогаш немаше цар; имаше царски намесник.
49Царот Јосафат изгради кораби од таршишки тип на морето за да оди во Офир по злато; но тие не стигнаа до таму, бидејќи се разбија во Ецјон-Гевер.
50Тогаш Охозија, синот на Ахав, му рече на Јосафат: „Нека одат моите слуги со твоите слуги на корабите“, но Јосафат не сакаше.
51Јосафат почина кај своите татковци, и беше погребан кај своите предци во градот на неговиот татко Давид. Него го наследи неговиот син Јорам.
52Охозија, синот на Ахав, почна да владее над Израил во седумдесеттата година од царувањето на Јосафат над Јудеја. Тој царуваше (во Самарија) две години над Израил.
53Но, тој правеше зло пред очите на Господ, и одеше по патот на својот татко и на својата мајка и по патот на Јеровоам, синот на Нават, кој го наведе Израил на грев.
54Тој му служеше на Ваал и му се поклонуваше, Го разгневуваше Господ, Бог на Израил, исто така, како што постапуваше и неговиот татко.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.