1 5,13; 13,15; Ис 30,1; 31,1; 57,9; Плач 5,6 Ефрем пасе ветар и трча кон источниот ветар, по цел ден си ги намножува лагите и насилствата, склучува сојуз со Ашур, а во Египет праќа масло.
Суд и над Израил и над Јудеја2 4,1 Но и со Јуда Господ ќе има суд – Тој ќе го казни и Јаков за постапките негови, и Ќе му плати според делата негови.
31 Мојс 25,26; Ис 43,27Уште во утробата мајчина тој го потиснуваше брата си, а кога порасна, тој се бореше и со Бога.
41 Мојс 28,10-22; 32,24-28; 35,15Тој се бореше против ангел – и го победи; заплака и Го замоли; во Ветил Тој нѐ најде и таму зборуваше со нас.
5Амос 4,13А Господ е Бог над силите; Јахве е името Негово.
611,5Врати се и ти кон својот Бог; биди милостив и справедлив, и секогаш надевај се на твојот Бог.
75 Мојс 25,13; Зах 14,21Хананецот има неверни мерила во раката своја и сака да онеправдува.
8Лк 12,16-21; Откр 3,17-18И Ефрем вели: „Сепак се збогатив, насобрав многу имот, макар што во сите мои работи не можат да најдат ништо незаконско, што би било грев.“
Господ му е сепак Бог на Израил9 2,16; 13,4; 1 Мојс 20,2; 3 Мојс 11,45 Јас сум твојот Господ Бог уште од земјата египетска: пак ќе те населам да седиш во сеници како во деновите на празникот.
106,5; 4 Мојс 12,2-8; 5 Мојс 18,15; Пс 74,9; Плач 2,9Јас им зборував на пророците и ги умножував виденијата, а и преку пророците ќе донесам уништување.
114,15; 6,8; 9,15Во Галаад има беззаконија, тие ќе бидат уништени. Во Гилгал колат за жртви телци, а жртвениците им стојат како купишта камења на меѓите од нивните ниви.
121 Мојс 29Избега Јаков во Арам и Израил служеше за жена, а за жена и овци пасеше.
1311,1; 2 Мојс 3,7-10; 5 Мојс 18,15.18Преку пророк го изведе Господ Израил од Египет и преку пророк Тој го пазеше.
14ЕфремЕз 33,4 многу Го разгневи Господа, па затоа Господ ќе ја остави крвта негова на него, и ќе му плати за неговите навреди.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
