Еремија Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведВо свое време, Еремија бил еден од малубројните Јудејци кои Му останале верни на Бога. Често пати се наоѓал во ситуација да биде сам против сите. Времето во кое живеел Еремија било време на војни, кога новоникнати империи ги покорувале дотогашните. Малото царство Јудеја долго време се одржувало, но во времето на Еремија било совладано од Вавилонците.Својата служба на Божји гласник меѓу луѓето, Еремија ја започнал во раната младост, на помалку од 20-годишна возраст и ја продолжил сѐ до 586 година пред Христос, кога Вавилонците го освоиле Ерусалим. Бил присилен да замине со дел од својот народ во Египет, каде што продолжил да им ги пренесува на луѓето Божјите пораки.Со помош на неговиот пријател Варух, Еремија ги запишал повеќето пораки што ги добил од Господ. Сепак, во оваа книга, тие случки не се прикажани хронолошки, туку по сличноста на темата.Еремија многупати им навестувал на неговите сонародници дека Господ ќе ги казни поради нивните гревови и отстапувањето од Бога. Кога Вавилонците го нападнале неговото царство Јудеја, Господ преку Еремија им порачал дека Јудејците немаат избор, туку треба да се предадат. Поради ова, Еремија бил обвинет за предавство, фрлен во затвор, а за малку ќе бил и убиен. Заради ваквиот однос кон него, Еремија често пати Му се поплакувал на Господ (11,18-23; 12,1-6; 17,14-18; 20,7-18, итн.).Еремија продолжил да ги укорува своите сограѓани дека згрешиле што го напуштиле почитувањето на Господ Бог и дека поради тоа им биле предадени во рацете на Вавилонците. Сепак, Господ им дава надеж дека еден ден ќе ги врати во нивната татковина и дека со нив ќе склучи нов завет.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help