Исаија 24 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Божјиот суд на земјата

1 13,9 Ете, Господ ја опустошува земјата и ја прави неплодна; ја изо­бли­чува и ги распрснува оние што живеат на неа.

23,2-3; Ер 15,10; Ез 7,12; Ос 4,9Со свештеникот ќе стане исто што и со народот, – со слугата, – исто што и со господарот негов; со слугинката, исто што – и со господарката нејзина; со ку­пувачот, исто што и со продавачот; со оној, кој ќе земе на заем, исто што, и со оној кој дава на заем; со оној, кој дава со интерес – исто што и со оној кој зема под интерес.

31,20; 14,26Земјата ќе опустоши до крај и целата ќе биде ограбена, зашто Господ го изрече тоа слово.

433,9; Ер 4,28; 14,2; Ос 4,3; Наум 1,5Тагува, нажалена е земјата; опадна­ла, тажна е вселената; небото пропаѓа заедно со Земјата.

51 Мојс 9,16; 4 Мојс 35,33; Ер 3,2; Пс 105,38И земјата е осквернета под жите­ли­те свои, зашто тие ги прекршија зако­ните, го изменија уставот, го нарушија вечниот завет.

63 Мојс 26,15-16; 5 Мојс 29,26; Зах 5,3; Изреки 30,10Затоа проклетство ја јаде земјата, а жителите нејзини трпат казна; затоа се намалени жителите земни, малку луѓе останаа.

732,12; Ер 48,33; Јоил 1,12Плаче гроздовиот сок; боледува ло­зата; воздивнуваат сите што се веселеа од срце.

816,9-10; Ер 7,34; 16,9; 25,10; Ез 26,13; Откр 18,22Престана веселбата со тимпани; молк­на вревата на оние што се веселеа; стивнаа звуците на харфите;

9Амос 6,5-7не пијат повеќе вино со песни; гор­ч­лив е жестокиот пијалак за оние што го пијат,

1032,14разорен е запустениот град; сите куќи се затворени, не може да се влезе.

11Плачат за вино по улиците; исчезна секаква радост; изгонета е секаква веселба од земјата.

12Ер 51,58Во градот остана само пустош, портите се искршени.

1317,6; Мих 7,1А среде земјата, меѓу народите, ќе биде истото, што станува кога маслинки тресат или паберки по гроздобер.

Слава на праведниот Бог

14 12,6 Тие ќе го кренат гласот свој, ќе ли­ку­ваат во величието на Господ, силно ќе воскликнуваат од морето.

1542,12; 66,19; Соф 2,11И така, славете Го Господа на ис­ток, по островите морски – славете Го името на Господ, Бог Израилев.

1611,12; Ер 5,11; Евр 2,4Од крајот на земјата слушаме пес­на: „Слава на Праведниот!“ Но јас ре­ков: „Тешко мене, тешко мене! Зло­деј­ци зло вршат, на зол начин дејствуваат злодејците.

Нема спас!

17 26,21; Ер 48,43-44; Лк 21,35 Ужас, јама и стапица за тебе, жи­те­ле на земјата!“

182,10; 1 Мојс 7,11; Амос 5,19; Пс 17,7.15; Сир 16,19Тогаш, оној што ќе избега од викот на ужасот, ќе падне во јама; и кој ќе из­лезе од јамата, ќе падне во стапица; зашто прозорците од небесната ви­со­чи­на ќе се отворат, и основите на земјата ќе се разнишаат.

19Земјата се разрушува, земјата се распаѓа, земјата е силно разнишана;

2019,14; Амос 5,2; Пс 37,4земјата се ниша како пијана и се лу­ла како лулка, и беззаконието ѝ тежи врз неа; таа ќе падне – и повеќе нема да стане.

2110,12; 14,12-15; 5 Мојс 4,19; Пс 2,2И во тој ден Господ ќе ја казни не­бесната војска во висините, и земните царства на земјата.

2226,21; 2 Птр 2,4И ќе бидат собрани наедно како затвореници во затвор, и ќе бидат зак­лу­чени во темница и по многу денови ќе бидат казнети.

234,5; 13,10; 60,1-3; Мих 4,7; Пс 92,1; Откр 19,4-6Тогаш месечината ќе поцрвени, и сонцето ќе се засрами, кога Господ Са­ваот ќе се зацари на гората Сион и во Ерусалим, и пред неговите старешини ќе покаже слава.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help