Јов 42 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јововото покајание

1Му одговори Јов на Господ и рече:

2Мт 19,26; Лк 1,37„Знам дека Ти сѐ можеш и дека на­мерата Твоја не може да биде неизвр­ше­на.

338,2Кој е тој што го помрачува Прови­дението со зборови што не ги разбира? Ете, јас го говорев она што не го разбирав, за чудни дела што не можев да ги знам.

436,22; Ис 50,4-5; Пс 89,12Послушај ме, викав јас, и ќе говорам, и што ќе Те прашам, објасни ми го.

52 Мојс 33,18Бев слушал за Тебе со слухот на уво­то; сега, пак, очите мои Те гледаат;

6Дан 9,3затоа јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел.“

Бог го оправдува Јов

7 6,28.30; 13,7-9; 27,4 И потоа, откако Господ му ги изго­вори на Јов овие зборови, му рече на Елифаз од Теман: „Се разгоре гневот Мој против тебе и против двајцата другари твои, затоа што не зборувавте за Мене вистина, како Мојот слуга Јов.

822,30; 4 Мојс 23,1.29; Ез 14,20Затоа, земете си со себе седум телиња и седум овни, па одете кај Мојот слу­га Јов и принесете си за себе жртва; и Мојот слуга Јов ќе се помоли за вас, зашто само неговото лице ќе го примам, за да не ве отфрлам, поради тоа што не говоревте за Мене вистина, како слугата Мој Јов.“

9И отидоа Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Ноема, и направија како што им заповеда Господ, а Гос­под го прими застапништвото Јовово.

108,7; 19,25Му ја врати Господ на Јов загубата, кога тој се помоли за пријателите свои; и му даде Господ на Јов двојно повеќе од она што го имаше пред тоа.

115 Мојс 30,3; Пс 89,15Тогаш дојдоа кај него сите негови браќа и сите негови сестри и сите него­ви поранешни познати, па јадеа со него леб во куќата негова и му изјавија со­чувство, утешувајќи го за сето зло што Господ го беше допуштил врз него, и секој му даде по една кесита и по еден златен прстен.

121,2-3; 5 Мојс 8,16И ги благослови Бог последните де­нови на Јов повеќе од претходните: тој имаше четиринаесет илјади дребен до­биток, шест илјади камили, илјада чиф­та волови и илјада магарици.

13Имаше и седум синови и три ќерки.

14Првата ја именува Јемима, втората – Кеција, а третата – Керенхапух.

15По целата земја немаше такви уба­ви жени, како ќерките на Јов; татко им и ним им даде наследство меѓу браќата нивни.

16По ова, Јов живееше сто и чети­ри­есет години и доживеа да види синови и внуци до четвртото колено.

175,26; 1 Мојс 25,8Умре Јов стар и сит од животот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help