1 34,32; 3 Мојс 25,35-55; 5 Мојс 4,14; 6,1; 15,12-18 А ова се законите, што ќе им ги објавиш:
2Ер 34,14„Ако купиш роб Евреин, шест години нека служи, а седмата нека си оди слободен, без откуп;
3ако дошол сам, сам нека си оди; а ако има жена, нека оди и жената со него;
4ако, пак, неговиот господар му дал жена, и таа му родила синови или ќерки, жената и децата нека останат на господарот негов, а тој нека си оди сам;
55 Мојс 15,16но, ако робот одговарајќи, рече: ‚Го сакам господарот мој, жената моја, и децата мои; не сакам да одам и да бидам слободен‘,
6тогаш таквиот неговиот господар нека го доведе пред судот Божји и нека го постави пред вратата или на прагот и таму неговиот господар да му го продупчи увото со шило, та да му остане вечен роб.
7Ако некој ја продаде ќерката своја за робинка, таа да не си оди како што си одат робовите;
8ако не му се свиди на господарот нејзин, кој ветил дека ќе ја земе за жена, нека ја отпушти. Но нема право да ја продаде на туѓ народ, кога сам ја отфрлил;
9ако, пак, ја свршил за синот свој, нека ѝ го даде правото, што го имаат ќерките;
101 Кор 7,3-5ако земе друга за себе, првата не смее да ја лиши од храна, облека и сопружничко сожителство.
11Не ѝ ги направи ли овие три работи, тогаш нека си оди од него слободно, без откуп.
Престапи што заслужуваат смртна казна12 20,13; 1 Мојс 4,14; 9,6; 3 Мојс 24,17; 4 Мојс 35,16; Мт 26,52 Кој ќе удри човек и тој умре, со смрт да се казни.
134 Мојс 35,9-34; 5 Мојс 4,42; 19,2-13; Ис.Н. 20,2.9Но, ако тоа не го направил намерно, а Бог допуштил да падне под негови раце, тогаш ќе ти определам место, каде што може да побегне (убиецот).
141 Мојс 4,8; 4 Мојс 35,20; 5 Мојс 19,11-12; 2 Цар 3,27; 20,10; 3 Цар 2,28-34Ако некој, пак, намерно го нападне својот ближен, со цел да го убие на измама, (и се засолни покрај жртвеникот Мој), одвлечи го и од жртвеникот Мој, за да умре.
15Кој ќе го удри таткото свој или мајката своја, да се погуби.
1620,15; 1 Мојс 37,28; 5 Мојс 24,7Кој го проколнува таткото свој или мајката своја, со смрт да се казни.
173 Мојс 20,9; 5 Мојс 5,16; 21,18; 27,16; Сир 3,16; Мт 15,4; Мк 7,10Ако некој украде човек (од Израилевите синови) и го продаде или се најде во негови раце откако го заробил, со смрт да заврши.
Удари и рани18Кога двајца мажи се скараат, па еден од нив удри друг со камен или со тупаница, но тој не умре, туку легне во постела,
19па, кога ќе стане, макар и со стап да се потпира, на оној што го удрил нека му е просто; само денгубата да му ја надомести и за лекувањето да плати.
20А кој ќе удри роб свој или робинка своја со стап, и тие умрат од неговата рака, нека биде виновен пред судот;
21но, ако тие преживеат ден или два, да не е виновен, бидејќи тие се негов имот.
22Кога некои луѓе се степаат, па некој од нив удри бремена жена, така што таа пометне, но не дојде до смрт, да плати глоба, колку што ќе определи мажот на жената; а да ѝ плати пред судии;
233 Мојс 24,19; 5 Мојс 19,21ако, пак, се случи повреда, тогаш нека се даде живот за живот;
243 Мојс 24,15-22; 5 Мојс 19,21; Авд 1,15; Мт 5,38око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога,
25изгоретина за изгоретина, рана за рана, повреда за повреда.
26Ако некој го удри робот свој во окото, или робинката своја во окото, и ги ослепи, да ги пушти на слобода заради окото;
27или, ако му скрши заб на робот свој, или на робинката своја, да ги пушти на слобода заради забот.
281 Мојс 9,5Ако вол убоде маж или жена, па умре, волот да се отепа со камења и месото од него да не се јаде; но господарот на волот нема да биде виновен.
29Но, ако волот бил и порано бодлив, а господарот негов знаел за тоа и не го пазел, па убие маж или жена, волот да се убие со камења, а и господарот негов да се предаде на смрт.
30Ако, пак, му се наложи откуп за животот свој, нека плати откуп, колку што ќе му се определи.
31Син ли прободе или ќерка, со него да се постапи според истиот закон.
321 Мојс 37,28; Зах 11,12-13; Мт 26,15; 27,3.9Прободе ли, пак, волот роб, или робинка, тогаш на господарот нивни да му се платат триесет шекели сребро, а волот да се убие со камења.
33Лк 14,5Ако некој открие јама, или пак ископа јама и не ја покрие, и падне во неа јунец или магаре,
34сопственикот на јамата треба да ги плати; на господарот ќе му даде сребро, а трупот ќе биде негов.
35Кога нечиј вол смртно убоде вол на друг човек, и тој умре, тогаш да го продадат живиот вол и парите да ги поделат, а исто така да го поделат и убиениот вол;
3621,29; 22,1; 3 Мојс 6,1-7; 2 Цар 12,6; Изреки 6,31; Лк 19,8ако, пак, се знаело од порано дека волот бил бодлив, а стопанинот негов, (иако му било јавено за тоа,) не го пазел, да даде вол за вол, а убиениот нека му остане нему.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.