Броеви 33 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Список на местата, каде што беа сместувани логорите по излегувањето од Египет

1 2 Мојс 4,16; 17,1 Ете тоа се патувањата на синовите израилски, откако излегоа од египетската земја, групирани во легиони под водството на Мојсеј и на Арон.

2По заповед на Господ Мојсеј ги опи­ша нивните патувања и престојувањата нивни, и еве ги престоите на нивното патување:

31 Мојс 47,11; 2 Мојс 12,37; 14,8Од Рамзес тие тргнаа во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец, – утрината по Пасха излегоа си­новите израилски – слободно, пред очи­те на сите Египќани;

42 Мојс 4,23; 12,12; Ер 15,3; Ез 14,21а во тоа време Египќаните ги погребуваа сите првородени, кои ги порази Господ меѓу нив, извршувајќи, на тој начин суд над нивните богови.

52 Мојс 12,37Така тргнаа синовите израилски од Рамзес и се сместија во Сукот.

62 Мојс 13,20Потоа појдоа од Сукот и се сместија во Етам, кој е на крајот од пустината.

72 Мојс 14,2.9Се кренаа од Етам, и се упатија кон Пи-Хахирот, кој е спроти Ваал-Цефон, и се сместија спроти Мигдол.

82 Мојс 15,22-23Откако тргнаа од Пи-Хахирот, ми­наа преку морето во пустината, и патуваа три дена по пустината Етам, и се улогорија во Мара.

92 Мојс 15,27И се кренаа од Мара, и пристигнаа во Елим; а во Елим имаше дванаесет водни извори и седумдесет палми; и се сместија таму.

102 Мојс 16,1Потоа појдоа од Елим и се сместија крај Црвеното Море.

11И тргнаа од Црвено Море и се смес­тија во пустината Син.

12Па се кренаа од пустината Син и се сместија во Дофка.

13Од Дофка заминаа и дојдоа во Алуш.

142 Мојс 17,1-7Тргнаа од Алуш и се сместија во Рефидим, а таму немаше вода да пие народот.

152 Мојс 19,2Појдоа од Рефидим и се сместија во Синајската Пустина.

16Заминаа од Синајската Пустина и се сместија крај Киврот-Таава.

1711,34-35Тргнаа од Киврот-Таава и се улогорија во Хацерот.

18Од Хацерот појдоа и се сместија во Ритма.

19Потоа се кренаа од Ритма и се сместија во Римон-Перец.

20Ис.Н. 10,29; 4 Цар 8,22; Ис 37,8; Ер 52,1Појдоа од Римон-Перец и се сместија во Ливна.

21Од Ливна заминаа и се сместија во Риса.

22Тргнаа од Риса и се сместија во Ке­хелата.

23Се кренаа од Кехелата и се сместија на гората Шефер.

24Тргнаа од планината Шефер и се сместија во Харада.

25Тргнаа од Харада и се сместија во Макхелот.

26Од Макхелот се кренаа и се сместија во Тахат.

27Тргнаа од Тахат и се сместија во Тара.

28Појдоа од Тара и се сместија во Митка.

29Заминаа од Митка и се сместија во Хашмона.

305 Мојс 10,6Од Хашмона тргнаа и се сместија во Мосерот.

315 Мојс 10,6-7Тргнаа од Мосерот и се сместија во Бене-Јаакан.

32Заминаа од Бене-Јаакан и се сместија во Хор-Гидгад.

335 Мојс 10,7Се кренаа од Хор-Гидгад и се сместија во Јатевата.

34Појдоа од Јатевата и се сместија во Аврона.

355 Мојс 2,8; 3 Цар 9,26Тргнаа од Аврона и се сместија во Ецјон-Гевер.

36Од Ецјон-Гевер тргнаа и се сместија на стан во пустината Син, т.е. во Ка­дис.

3720,22Појдоа од Кадис и се сместија во планината Ор, близу до земјата Едо­м­ска.

3820,22-29Тогаш по заповед на Господ свеш­теникот Арон се искачи на планината Ор и умре таму на четириесеттата го­ди­на по излегувањето на синовите из­раилски од египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од месецот;

39Арон имаше сто дваесет и три години кога умре на планината Ор.

4021,1-3Тогаш царот на Арад, еден од хананските цареви, кој живееше на југ во хананската земја, чу дека идат си­новите на Израил.

41И тие тргнаа од Ор-Планина и се сместија во Салмона.

42Појдоа од Салмона и се сместија во Пунон.

43Се кренаа од Пунон и се сместија во Овот.

4421,10Потоа заминаа од Овот и се сместија во Ије-Аварим, од спротива на пределите моавски.

45Тргнаа од Ије-Аварим и се сместија во Дивон-Гад.

46Појдоа од Дивон-Гад и се сместија во Алмон-Дивлатаим.

47Се кренаа од Алмон-Дивлатаим и се сместија на планината Аварим, спроти Нево.

4822,1Тргнаа од Аваримската планина и се сместија во рамнините моавски, крај Јордан, спроти Ерихон;

49Ис.Н. 12,3; 13,20; Ез 25,9тие беа сместени на брегот од Јор­дан, во Моавската Рамнина, од Бет-Јешимот до Авел-Ситим.

50Тогаш му рече Господ на Мојсеј во Рамнината Моавска, кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи:

51Ис.Н. 3,17„Кажи им на синовите израилски и речи им: кога ќе минете од онаа страна на Јордан, во хананската земја,

5223,24; 5 Мојс 7,2-5; 14,2-3протерајте ги од пред себе сите жи­тели на оваа земја, разрушете ги сите нивни камени идоли и сите нивни из­леани идоли, и сите нивни жртвеници разорете ги;

535 Мојс 11,31; 17,14; Ис.Н. 1,11; 21,43и завладејте ја таа земја, и населете се во неа, зашто Јас ви ја давам во нас­ледство;

5426,54-56; 3 Мојс 16,8; Ис.Н. 18,10и поделете ја земјата со ждрепка на делови меѓу вашите племиња: на мно­губројните дајте им поголем дел, а на малубројните дајте им помал дел; како кому ќе му се падне ждрепката, таму да му биде и делот; земете си делови спо­ред родовите на предците ваши.

55Ис.Н. 23,13; Суд 2,3; Ез 2,6; Пс 105,36; 2 Кор 12,7Ако, пак, не ги протерате од пред себе жителите на таа земја, тогаш оние што ќе останат, ќе бидат трн во очите ваши и бодила во слабините ваши и ќе ве притеснуваат во земјата каде што ќе живеете,

56и тогаш, она што мислев да им го направам ним, ќе ви го направам вам.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help