1 , и оттаму раката Моја ќе ги извлече; и да се качат на небото, и оттаму ќе ги симнам.
3Пс 134,6; Јов 3,8; 7,12Макар да се скријат и на врвот од Кармил, и таму ќе ги најдам и ќе ги фатам; па и да се сокријат и од очите Мои во морското дно, и таму ќе му заповедам на змејот морски да ги голтне.
4Авд 1,4; Ер 21,10И во плен, ако појдат пред непријателите свои, ќе му заповедам на мечот таму да ги убие. Ќе ги свртам врз нив очите Свои за нивно зло, а не за добро.
Јахве е името Негово5 8,8 Зашто Господ Бог Саваот ќе се допре до земјата, и таа ќе се растопи, и ќе се расплачат сите живи на неа; ќе се крене таа цела како реката Нил и ќе се спушти како реката египетска.
64,13; 5,8; Пс 103,3Тој ги изгради своите горни дворци на небесата и сводот Свој го зацврсти на земјата; ги повика морските води и ги изли по лицето на земјата; Јахве е името Негово.
Господ е Бог7 Ис.Н. 13,2; Ер 47,4 Вие, синови Израилеви, не сте ли за мене како синови етиопски, вели Господ, нели Јас го изведов Израил од земјата египетска и Филистејците – од Кафтор и Арамејците од Кир?
83,12; Ис 4,3; Ер 30,11Ете, очите на Господ Бог се врз грешното царство, и Јас ќе го истребам од лицето на земјата, но домот на Јаков нема целосно да го истребам, вели Господ.
9Ис 30,28; Лк 22,31Зашто, еве, Јас ќе заповедам и ќе го распрснам домот Израилев по сите народи, како што се растураат зрната во решето, и ниедно не паѓа на земја.
106,1-6; Ис 28,15; Ер 5,12; Мих 3,11; Соф 1,12Од меч ќе умрат сите грешници меѓу народот Мој, кои велат: „Нема да нѐ постигне и нема да дојде кај нас тоа зло!“
Божјо ветување за Израил11 Ис 9,1-6; Дела 15,16-17 Во оној ден ќе ја подигнам паднатата скинија Давидова, ќе ги пополнам пукнатините нејзини, срушеното ќе го подигнам и ќе ја обновам, како во поранешните дни.
121 Мојс 22,17; 4 Мојс 24,18; Авд 1,19За да го завладее остатокот од Едом и сите народи, меѓу кои ќе се спомнува името Мое, вели Господ, Кој го врши сето тоа.
135,11; 3 Мојс 26,5; Јоил 3,18Ете, ќе настапат дни, вели Господ, кога орачот ќе го затече жетварот и оној што гази грозје – сејачот; и горите ќе пуштаат гроздов сок, и од сите ридови ќе потече.
145,11; Ис 65,21-22; Ер 31,5; Ос 14,8Ќе ги вратам заробените на Мојот народ Израил; и пак ќе ги изградам запустените градови и ќе се населат во нив; ќе насадат лозја и ќе пијат вино од нив, и ќе направат градини и ќе јадат плодови од нив.
15Ис 60,21; Ер 24,6; 31,28И ќе ги населам во земјата нивна и тие нема повеќе да бидат истргани од својата земја, која им ја дадов Јас, вели Господ, твојот Бог.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.