1Товија му одговори на својот татко: „Татко, ќе правам сѐ како што ми заповедаш,
2но како ќе можам да ги земам парите, кога не го познавам човекот?“
3Тогаш татко му, му ја даде потврдата и рече: „Најди човек што ќе те придружува; јас ќе му платам додека сум уште жив, и одете по парите.“
4Суд 13,16Тогаш отиде да бара човек и го сретна Рафаил, кој беше ангел, но Товија не знаеше.
5И тогаш му рече: „Можеш ли да дојдеш со мене во Рага Мидиска и го знаеш ли патот дотаму?“
6Ангелот му одговори: „Можам, ќе дојдам со тебе и патот го знам; јас сум живеел кај Гаваил, нашиот брат.“
7Товија му рече: „Почекај да му јавам на татко ми.“
8А ангелот му одговори: „Оди, само не задржувај се.“
9Товија отиде кај татко си и му рече: „Еве, најдов другар што ќе оди со мене.“ А татко му му рече: „Покани го да дојде кај мене, да чујам на кое племе му припаѓа и да видам дали ќе ти биде добар придружник.“
10Товија го повика, па кога влезе, се поздравија еден со друг.
11Товит го праша: „Кажи ми, од кое племе и од кој род си?“
12Ангелот одговори: „Дали бараш племе и род или бараш наемник кој ќе го придружува твојот син?“ Тогаш Товит му одговори и рече: „Брате, сакам да ги знам твоите предци и како ти е името?“
13Ангелот му рече: „Јас сум Азарија, од племето на Ананија, најстариот од твоите браќа.“
14Тогаш Товит му рече на ангелот: „Брате, среќен нека ви е патот и не лути ми се што сакав да разберам од кое племе си и како ти е името. Значи, ти си мој брат од угледен и благороден род. Јас ги познавам Ананија и Натан, синовите на големиот Семелија; заедно одевме во Ерусалим за да се поклониме со првините и со десетоците од нашите земни плодови. Не појдовме по заблудите на нашите браќа. Брате, ти си од добар корен.
154,4Но кажи ми колку треба да ти платам? Ќе ти дадам драхма на ден и сѐ што е потребно за тебе и за син ми,
1612,1а ќе ти дадам и нешто повеќе од тоа кога ќе се вратите живи и здрави.“
171 Мојс 24,7.40; 2 Мојс 23,20; Пс 9,10Така се договорија. Тогаш Товит му рече на Товија: „Приготви се за пат и среќен ви пат!“ Синот негов приготви сѐ што беше потребно за патувањето. Тогаш пак татко му проговори и рече: „Оди со овој човек, а Бог, Кој живее на небото, нека ви подари среќно патување и Неговиот ангел да ве придружува.“ И така отпатуваа обајцата и кучето на момчето со нив.
18Но Ана, мајката на Товија, заплака и му рече на Товит: „Зошто го испрати нашиот син? Не беше ли тој поткрепа за нашите раце – кога влегуваше и излегуваше пред нас?
19Не менувај го среброто со сребро! Парите се ѓубре спрема нашиот син!
20Зашто за толку, колку што Бог ни определил да живееме, доволно ни е ова што го имаме.“
21Товит проговори и рече: „Не тажи, сестро, не плачи; тој ќе се врати и твоите очи пак ќе го видат жив и здрав.
225,17Него ќе го придружува добар ангел. Патувањето негово ќе биде среќно; ќе ни се врати здрав и жив.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.